downloadЖивотните од пониските видови ги менуваат забите во текот на животот. Кога забите ќе го достигнат целосниот развој и кога ќе се истрошат, тие испаѓаат и на нивно место израснуваат нови.

Меѓутоа, човекот само еднаш во животот ги менува забите. Затоа е важно да ги одржуваме и да ги заштитуваме од расипување. Забите обично почнуваат да се расипуваат на глеѓта: најпрво тука се појавува некој дефект. Тоа може да биде скоро невидливо дупче, но бидејќи во устата секогаш има бактерии, тие брзо продираат низ тој отвор на површината и се “населуваат” под глеѓта.
Тие (бактериите) не можат да јадат глеѓ, но затоа можат да се хранат со дентинот од забите, коишто е помек, можат да се хранат и со лимфата што се наоѓа во каналите на дентинот. Бактериите набргу ги нагризуваат ѕидовите на каналите и под глеѓта се создава шуплина. Дефектот некое време може да остане незабележан, но ако поради работата на бактериите ѕидот на забот се истенчи тогаш проблемот на забот ќе го забележиме многу брзо: топлината и студенината (топлото и ладното кои ќе допираат на забот) можат многу брзо да допрат до шуплината во средишниот дел на забот (во средината на забот се наоѓаат забните нерви). Топлината и студенилото ги раздразнуваат овие нерви. Кога некој заб е осетлив на топло и на ладно Т.Е осетуваме јака болка во забот при допир со топло и ладно, тоа е знак за тревота – знак дека забот се расипува!
Кога бактериите ќе продрат низ каналот на дентинот во шуплината на пулпата, тие наоѓаат извонредна подлога за исхрана и размножување. Тогаш ние добиваме забоболка. Расипувањето на забите продолжува, а забот, бидејќи не добива повеќе храна, станува мртва лушпа.

ПОУКА: Редовно одете на контрола кај забниот лекар!!