starec-race-300x205

Знаете ли дека во стариот Рим обичниот човек можел да очекува дека ќе живее најмногу 23 години? Пред стотина години просечниот човечки живот изнесуваше 40 години.
Мнозинството луѓе би сакале да живеат мошне долго; Никој несака да остарее. Но стареењето е процес што почнува со самото раѓање и продолжува во текот на целиот живот.
Кога некој навлегува во се подлабока старост, сите движења и животни процеси на организмот се успоруваат. Човекот губи дел од својата сила. Обично доаѓа и до смалување на телесната висина и тежина. Заедно со ова може да дојде и до слабеење на видот, делумна или тотална глувотија, бела коса и до тромавост и помала подвижност на кожата.
Сите луѓе не стареат со еднаква брзина, но некои промени што доаѓаат со годините неможат да се избегнат, зашто тие се случуваат во ткивата на телото и во сите негови органи. На пример, клетките на бубрегот, џигерот, панкреасот и слезинката постепено почнуваат да пропаѓаат, зашто крвните садови стареат и не можат да вршат доволно снабдување на крв и храна како порано. Штитната жлезда и другите жлезди исто така пропаѓаат.
Целокупниот систем за крвоток во организмот почнува да се менува со текот на годините и не функционира онака како некогаш. Поради овие промени ние дури и не дишеме на ист начин. Очите, ушите, коските, зглобовите, крвта, кожата, ноктите и забите, сето тоа почнува да се дегенерира и да пропаѓа. Тоа е причина што постариот свет често мора да го промени својот начин на живеење и на исхрана.
Овие промени се биолошки и не можат да се спречат едноставно затоа што остарените ткива и органи не можат повеќе да работат со полна сила како некогаш. Старосните промени не се исти секогаш. Човек од 60 години може да ги има некои ткива и органи како човек од 80 години, додека други органи можат да му бидат сочувани како кај човек од 40 , 30 па дури и 20години.