Воздухот во нашето тело влегува низ носот. Меѓутоа, пред да влезе во белите дробови, мора да се загрее и да се пречисти. Многу честички од прашина што влегуваат заедно со воздухот се задржуваат во носот.
Првото чистење на овој воздух го вршат влакненцата во вид на четка што се наоѓаат на влезот од носот. Тука се запираат грубите честички. Слузот на носот е проѕирен како стакло. Подоцна добива сивкаво-зелена боја затоа што со него се мешаат зрнцата прашина што слузот ги запрел. Од носот па се до воздупниот простор на балите дробови – алвеолите , патиштата по коишто минува воздухот се обложени со клетки од кои израснуваат нежни мали влакненца, трепки.
Човекот секоја минута вдишува неизмерно многу прашина во текот на денот и ноќта. Неа ја има насекаде каде што живеете. Само воздухот на океанот е ослободен од прашина и тоа дури откако ќе испловите околу 80километри од брегот.