Хемиска формула на водатаВодата сочинува 60% од човечкото тело. Кога би можеле човечкото тело да го исцедите како лимон би добиле околу 50литри вода. Таа (водата во човечкото тело), поради материите што ги содржи, не е како обичната вода. Во крвните садови се наоѓаат околу 4литри вода што ја одржува срцето во постојано кружење низ телото. Оваа крвна вода со постојано течење ја капе (“бања”) секоја клетка на човечкото тело, Т.Е ја одржува секоја клетка што се наоѓа во човечкото тело во живот. Водата игра улога на спроводник на топлината низ телото. Дури и ако не пиете вода во текот на денот, вие внесувате 1литар вода низ цврстата храна што ја јадете, зашто зеленчукот, овошјето, лебот и месото содржат од 30% до 90% вода. Покрај тоа, секој внесува околу 2литри вода дневно во вид на течност. Испиената вода од цревата влегува во крвта.
Во текот на денот околу 10литри вода кружат помеѓу разните органи на човечкото тело. На пример, кога ја жвакате храната, вие истовремено шмукате мала количина плунка од плунчните жлезди и ја проголтувате заедно со храната. Набргу потоа, водата од плунчните жлезди е надополнета со вода во крвните садови.
Количината на вода во крвта постојано останува иста. И кога сте многу жедни, по напорна работа во текот на жежок ден, крвните садови содржат иста количина вода. Без обзир на тоа колку вода ќе испиете, количината на вода во крвните садови останува иста.
Што се случува со вишокот на водата? Таа се распределува во разни органи: во цревата, во џигерот, во мускулите и во бубрезите.