2-1-camel Камилата ја викаат и “пустински брод”, што е сосема оправдано; зашто, како што се гради бродот да ги совлада сите тешкотии што можат да го снајдат на водата, и камилата е “изградена” да живее, да опстане и да поминува огромни растојанија во непрегледната пустина.
И додека сите други животни би пцовисале од глад и од жед, камилите живеат сосема убаво, зашто со себе си ја носат потребната храна и вода. Со денови пред поаѓање на подолг пат, камилата само јаде и пие. А таа може да изеде толку, што на грбот да и порасне грба од маст тешка и до 50килограми. Затоа грбата на една камила претставува вистинско складиште за маснотии, кои потоа и служат за исхрана за сето време што се наоѓа на пат.
Покрај грбата, камилата има торби во форма на шишиња, сместени како облози на ѕидовите од стомакот. Тоа е вистински резервоар за вода. Така снабдена со основните залихи, може да поминува големи далечнини, да патува по неколку дена низ пустината од еден до друг извор, а да не пие и уште подолго да издржи, прехранувајќи се со маснотиите насобрани во нејзината грба.
Но затоа на крајот од тие долги патувања грбата на камилата го губи првобитниот изглед и спласнува како издишана топка. Тогаш на камилата и е потребен подолг одмор за да си ја поврати изгубената енергија.
Дали знаете дека камилата е еден од најстарите помошници на човекот и дека луѓето во Египет ја користат веќе повеќе од 3000 години!