34Често се случува да гледаме некое растение и да се восхитуваме на неговиот “цвет”, а тоа, всушност, да не е никаков цвет. Ако под цвет подразбираме нешто што е обоено со светли бои а расте на растението, лесно можеме да погрешиме.
Олтиците на некои билки што се развиваат во пролетта, воопшто не се олтици. Цветовите на американската поинсетија се пример за обоени лисја што личат на цветови.
Меѓутоа, перчињата на врвот од тревата се, всушност, цветови. Незрелиот кочан на пченката е цвет. Ботаничарите велат дека цветот е група делови, чија задача е да произведат полен или семе, или и едното и другото. Цветови имаат само растенијата што создаваат семе. И само оние делови на растението, коишто се во блиска врска со образување на семето, можат да се сметаат за делови на цветот.
Од каде му е на цветот мирисот? Цветот мириса кога во неговите ливчиња се наоѓаат некои етерични масла. Овие масла ги произведува растението при развивањето. Етеричните масла се мошне сложени. Под определени услови се разложуваат и формираат етерични масла што се испаруваат лесно. Кога ќе се случи тоа, ние го вдишуваме мирисот на овие масла.
Посебниот тип на мирис на овој цвет зависи од хемиските состојки на тоа етерично масло, а разни комбинации даваат различни мириси. Слични масла, освен во цветовите, се наоѓаат и во лисјата, кората, коренот, плодот и семето. На пример, портокалите и лимоните ги имаат во плодот, бадемите во семето, циметот во кората итн.
Од каде му е на цветот бојата? Цвеќињата се сини, црвени, пурпурни или лилави затоа што содржат “антоцијанин”, обоена материја, растворена во сокот на цветните клетки. Други бои, како жолта, портокалова, зелена, настануваат од други обоени материи или пигменти. Овие материи го опфаќаат хлорофилот, каротинот итн. Помеѓу нив нема хемиски врски.
Така боите на цветовите им ги припишуваме на пигментите наречени “антоцијанини” и на други пигменти наречени “пластиди”. Една група пигменти обојува со една низа на бои, а другата група на пигменти обојува со друга низа на бои.