Јаинизам е индиска религија основана во VI век п.н.е од Вардхамана, кој бил наречен Махавира. Главното верување на јаинизмот е ахимса или неповредување на сите живи битија. Била основана како реакција против религијата на Ведите, која барала животински жртви. Јаинизмот нема верување во бог – создавач, иако постојат одреден број помали божества за различни аспекти на животот. Јаинистите веруваат дека нивната религија е вечна и сметаат дека таа била откривана во етапи од бројни освојувачи, од кои Махавира е 24.

Махавира живеел како аскет и проповедал за потребата од ригорозна казна и самоодрекување како средства за усовршување на човековата природа, бегство од циклусот на повторно раѓање и постигнување мокша или ослободување. Јаинистите сметаат дека кармата е невидлива материјална супстанција, која му го попречува патот на ослободувањето и која може да биде избегната само преку аскетизам. До крајот на I век од н.е јаинистите се поделиле на две секти, од кои, секоја подоцна развила свој сопствен канон на свети текстови: дигамбари, кои сметале дека верниците не треба да имаат ништо, дури ни облека, и дека жените повторно мора да се родат како мажи пред да можат да достигнат мокша; и поумерените светамбари. Во согласнот со нивниот принцип за респект кон животот, јаинистите се познати по својата добротворна работа, вклучувајќи ја изградбата на засолништа за животните. Јаинизмот проповеда универзална толеранција и не бара преобратувања.