Поставувањето жито на шаховска табла е геометриска прогресија, чии својства го изненадуваат на човек кој не  е упатен во математиката, а првиот обид е направен уште во далечната 1256 година.

За начинот на поставување и количината на жито постои една легенда за големиот цар Шерам. Тој сакал да го награди својот „скромен“ математичар Сесу за неговиот пронајдок- шаховската табла , рекол дека математичарот може да побара што сака како награда. Математичарот Сесу рекол: „Сакам да ми дадете за првото поле од таблата едно зрно пченица, за второто две зрна , за третото 4 , за четвртото , 8 зрна пченица итн.“  Царот се изненадил и рекол:„Зарем само тоа? Нема проблем, ќе ја добиеш својата вреќа со пченица после пладне“.

Но, математичарите на царот пресметувале два дена , за да знаат колку зрна треба да му дадат на Сесу, и пресметале дека тој број е 18 446 744 073 709 551 615 зрна. Царот се замислил, бидејќи математичарите му рекле дека неговите залихи на пченица не се доволни, дури и да ги има уште 100 пати повеќе.

Со таа количина на пченица може да се наполнат  вагони кои 1000 пати би ја „заобиколиле“ Земјата.