Поради современиот начин на живот, штетните електромагнетни зрачења и храната ,,зачинета” со пестициди, нашето енергетско тело се исцрпува. А тука е и животната средина и нашето опкружување во кои редовно се наоѓаат негативни личности, енергетски вампир. Ако се чуствувате исцрпено, на овие три начини можете да го исчистите телото и да ја обновите вашата енергија.

-Престој во природа

Во најдобар случај, без мобилен телефон. Особено е дека корисно да отидете некаде во близина на вода, бидејќи тоа го стимулира остранувањето на отпадни материи од организмот. Ако не можете да отидете на излет во природа отидете во парк. Дури и само една кратка прошетка, неколку пати на дек ќе има позитивен ефект врз расположението. Земјата е полна со негативни јони, па затоа престојот во природа во близина на билки ја исцелува и ја обновува целата наша енергетска структура.

-Чистење со чад од билки

Ова е древна техника со која се остранува негативната енергија, а за оваа цел се пали некое дрво, на пример Пало Санто или суви лисја од некоја билка, најдобро желафија. Чадот што притоа настанува ослободува негативни јони и го чисти и дезинфицира воздухот, оставајќи смирувачки мирис, а енергетското поле го чисти релативно брзо. Освен тоа, за обновување на енергијата се советува конзумирање Готу Кола.

Купки со лековити соли

Одлични се за чистење и обновување на енергетското тело бидејќи ги извлекуваат токсините и ја поттикнуваат циркулацијата. За купка искористете околу 1кг сол, морска или Хималајска за да добиете 1 отсто раствор
(на секои 5 литри вода во кадата ставете околу 50g сол). Солта прелијте ја со топла вода и оставете ја за околу половина час за да се раствори, а потоа уживајте во бањата. Во купката останете околу половина час, а потоа избришете се со крпа и ако можете легнете на кратко. Ова купка опушта и смирува и е одлична за ублажување на болките во мускулите.