Радоста на родителите е скриена, а таква е и нивната тага и јанѕите; тагата не може да се искаже со збориви, а за јанѕите не сакаат да зборуваат. Децата ги ублажуваат маките, но ги прават несреќите уште погорчливи: ги зголемуваат животните грижи, но ја олеснуваат помислата за смртта. Продолжувањето на видот е карактеристично за животните, но помнењето, заслугите и благородните дела се карактеристични за човекот: и навистина, може да се забележи дека најблагородните дела и институции потекнале од бездетни луѓе што се обиделе да ги изразат сликте на своите умови таму каде што оние на нивните тела потфрлиле: таа грижа за потомството е најголема кај оние што немаат потомство.

Првите основачи на семејствата, најмногу ги разгалуваат своите деца; сметајќи ги како продолжение не само на нивната лоза туку и на нивното дело; а овде спаѓаат и децата и духовните творби. Степенот на љубов на родителите спрема одделните деца честопати е неднаков, а понекогаш и несоодветен; осбено кога се работи за мајката; како што рекол Соломон: Мудриот син го радува татка си, а безумниот син е така за мајка си. Таму каде што има куќа полна со деца, може да се забележи дека едно или две од најстарите се почитувани, а најмалите се разгалени; но во средината има некои што често се заборавени, но сепак често пати се покажуваат како најдобри.

Скржавоста на родителтите кон нивните деца е опасна грешка; ги прави нечесни и ги наведува на лукавство; ги води во лошо друштво; и ги поттикнува на распништво кога ќе се доберат до богатството и поради тоа, најдобро е кога родителите го задржуваат својто авторитет над своите деца, но не и над своето ќесе.

Луѓето имаат неразумен обичај да создават и поттикнуват ривалство меѓу браќата во периодот на детството, што многу пати се претвора во неслога кога ќе пораснат, и предизвикува раздор во семејствата. Италјанците не прават голема разлика меѓу децата и внуците и блиските роднини; ако се деца од исто семејство, не им е важно што не се плодови на нивното тело.

И да бидеме искрени, во природата навистина е така; гледаме дека понекогаш внукот повеќе личи на чичкото или на некој роднина отколку што личи на својот роден татко, во завсиност од тоа како ќе се измеша крвта. Родителите треба наврема да ги изберат занимањата и насоките за кои сметаат дека се соодветни за нивните деца, затоа што тие тогаш тие се најприспособливи: и не треба премногу да обрнуваат внимание на сколоносите на своте деца мислејќи дека најдобро ќе се снајдат во она што се најмногу надарени.

Вистина е дека ако наклоноста или вродената способност на децата е исклучителна, добро е да не се попречува но ова обично важи, Избирај го најдоброто и навиката ќе го направи тоа пријатно и лесно. Помладите браќа обично имаат среќа, но ретко или никогаш кога постарите браќа се лишени од наследството.

Извор: Есеи-Френсис Бекон