Бидејќи во последен период планетата Земја се соочува со глобална промена на климата ние ќе спомнеме еден фактор кој условува и има влијание, каква ќе биде климата и нејзината промена.

Во зависност од локалните услови. шумите и вегетацијта исто така, некаде повеќе, а некаде помалку влијаат на климата. тоа влијание особено се согледува во:

  • внатрешноста на самите шуми и на
  • климата на околниот простор

Бидејќи секоја промена на карактерот на подлогата предизвикува и промена на климата, како што е на пример со сечата и уништувањето на шумите, растителната покривка и друго.

Досега се направени многу истражувања за да се докажат овие влијанија. Резултатите јасно покажуваат дека шумите и вегетацијата посебно влијаат врз одредени климатски елементи, и тоа врз: температурата, влажноста на воздухот, ветерот и друго.  Така на пример, докажано е дека растителната покривка, во која се вбројува и шумата, има големо влијание врз распределбата на температурата на воздухот во ниските слоеви. Л. Иванов ги истражувал температурните промени во букова шума и констатирал дека под круните интензитетот на сончевото зрачење е за 20-25 пати помало од онаа на отворено поле.

Растителната покривка докажано е дека влијае и на влажноста на воздухот, бидејќи испарувањето на водата од земјината површина и од површината под растителната покривка не е исто.

Во однос на влијанието на шумите врз врнежите постојат доста пооделни мислења. Во однос на јачината и брзината на ветрот установено е дека тој над шумите се зголемува, позади шумите  се намалува, а во самта шума се јавуваат вртоложни движења на ветрот кои се забележливи до 300 метри во височина. Намалување на брзината и јачината на ветрот во шумата влијае и врз распределбата на снежната покривка, врз густината на снегот итн.

Сите наведени констатации јасно покажуваат дека шумата ја модифицира кимата, односно дека шумите создаваат повлажна но и поуедначена клима, посебно за време на летниот период. Од наведеното може да се заклучи дека шумите имаат големо значење за планетата Земја па секако и за нас луѓето, а во иднина треба да се работи за зачувување на „белите дробови“ на Земјата.