Витамините од групата Б се едни од најважните витамини кој му се потребни на организмот. Овие витамини се познати и под името Б-комплекс.

vitamin-BПредностите на витамините од групата Б се: правилно растење, правилна функција на нервниот систем и правилно функционирање на кожата. Без витамините од групата Б во телото може да настане појава на слабокрвност, вртоглавица, општа слабост, запирање на растењето, нервни и кожни пореметувања. Б-комплекс може да се подели на: витамин Б1, Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б9 и витамин Б12.

ВИТАМИН Б1

Овој витамин уште е наречен како тиамин или како анеурин. Витаминот Б1 најзастапен е во: квасецот, житариците, оревите, лешниците, бадемите и другите јаткасти плодови, спанаќот, целерот, пченкарното брашно и др.

ВИТАМИН Б2

Витаминот Б2 е добар за очите и цврстината на косата. Овој витамин најмногу го има во: маслиновото масло, сирењето, печурките, магдоносот, морковот, целерот итн.

ВИТАМИН Б3

Исто така, и овој витамин е многу важен за човековиот организам. Б3 најзастапен е во: пилешкото месо, лешниците, печурките, магдоносот, квасецот.

ВИТАМИН Б4

Овој витамин позитивно влијае врз метаболизмот. Витаминот Б4 најзастапен е во: квасецот, морковот, печурките, зелениот зеленчук.

ВИТАМИН Б5

Недостатокот на овој витамин може да предизвика сериозни главоболки. Витаминот Б5 најзастапен  е во: јагодите, портокалите, зелката, карфиолот, квасецот, јајцата.

ВИТАМИН Б6

Недостаток на овој витамин може да предизвика губење на телесната тежина. Во најголемо количество го има во: компирот, бананата, морковот, спанаќот, пченицата, лимонот, крушата и др.

ВИТАМИН Б9

folicacidvitaminb9Витаминот Б9 е познат уште како фолна киселина. Фолната киселина е многу важна за човековиот организам. Внесувањето на фолната киселина е од голема важност за правилен развој на нервниот систем на бебето во текот на бременоста. Б9 најмногу е застапен во: црниот дроб, брокулата, мешунките, сирењето, оревите, лешниците и сите други јаткасти плодови, гравот, авокадото, јајцата, рибата, целерот.

ВИТАМИН Б12

Витаминот Б12 е многу важен за создавање на црвените крвни зрнца. Најмногу го има во: џигерот, рибата, млекото, јајцата.