Витаминот Е  е откриен во 1922 година. Растворлив е во масти и повеќе е застапен во растителните продукти отколку во продуктите од животинско потекло. Овој витамин е важен за создавањето на црвените крвни клетки и овозможува подобро искористување на витаминот К.

download (1)Дејствата на витаминот Е се: правилен развој на мускулите, нервниот систем и половите органи, правилен развој на плодот за време на бременост, ја штити кожата од негативните надворешни влијанија, го намалува настанувањето на брчки. Најмногу е застапен во: житариците, сојата, оревите, кикириките, гравот, јајцата, авокадото, семките од сончоглед и тиква. Без доволно присуство на витаминот Е во организмот и кај машките и кај женските може да настанат проблеми при оплодувањето. Храната богата со витаминот Е најпрепорачливо и најдобро е да се јаде свежа, затоа што готвената храна го губи дел од количеството на витаминот Е.