Витаминот Д е многу важен за метаболизмот на калциум и фосфор, бидејќи ја стимулира апсорпцијата на овие минерали од дебелото црево.

Vitamin_DПредности со присуството на витаминот Д во телото се тоа што правилно се окоскенуваат коските и забите. Најзастапен е во млекото и маслото, рибите и рибиното масло, сирењето, јајцата, печурките и овој витамин се добива во кожата со сончање. Недостатокот на витаминот Д во човечкиот оргнизам може да предизвика рахитис, односно неправилно окоскенување на коските и нивно искривување, особено коските на нозете.

Нормални дневни дози за внесување на витаминот Д се:

-За новороденчиња (до 6 месеци) – 400 мкг

-За новороденчиња (од 7 до 12 месеци) – 400 мкг

-За деца (од 1 до 3 години) – 600 мкг

За деца (од 4 до 8 години) – 600 мкг

-За деца и возрасни (од 9 до 70 години) – 600 мкг

-За возрасни над 70 години – 800 мкг

-За бремени жени и доилки – 600 мкг