Витаминот А е првиот откриен витамин, па затоа е именуван според првата буква од латиницата. Прв пат бил откриен во 1913 година.

Vine-Vera-Vitamin-A-FightsПредностите на витаминот А се: правилно гледање, правилно растење, правилен развој на епителот и правилно размножување. Витаминот А го има во млекото, маслото и маслиновото масло, јајцата, морковот, доматите, пиперките и во овошјето и зеленчукот со портокалова боја. Со недеостаток на витаминот А може да настане кокошкино или ноќно слепило (болниот дење гледа нормално а ноќе ја губи способноста за гледање), недоволен телесен развиток кај децата, проблеми со репродуктивниот систем кај возрасните, многу сува кожа и инфекции, а ако недостатокот е голем може да дојде до спонтан абортус и анемија.

Препорачани дневни дози на витаминот А се:

За деца (3 години и надолу) -300 мкг

За деца (од 4 до 8 години) -600 мкг

За тинејџери (од 14 до 18 години) -900 мкг

За возрасни (19 години и нагоре) -900 мкг

За бремени жени (18 години и надолу) -750 мкг

За бремени жени (18 години и нагоре) -770 мкг

Доилки (18 години и надолу) -1200 мкг

Доилки (18 години и нагоре) -1300 мкг