Птица претставува топлокрвен, клунест ’рбетник од класата Aves, вклучувајќи повеќе од 9 600 видови. Покриеноста со пердуви е тоа што ги издвојува птиците од другите животни.

Птица-секретар

sekretarОваа птица е африканска птица грабливка, единствената неистребена птица која лови одејќи на нозе. Има долги нозе покриени со лушпи, светлосиво тело долго 1,2 метри, со распон на крилјата од 2,1 метри. Тешка е околу 3,5 кг. Дваесетина црни шилести пердуви прават да изгледа како да има перјаница зад ушите. Птицата-секретар убива змии, кои им се главен прен. Ги убиваат газејќи ги со ногата, удирајќи ги од земја или фрлајќи ги од високо.

Птица-тркачка

Птицата тркачка е кукавица од мексиканските и југозападните пустини на САД. Долга е 56 сантиметри, има пругасто кафеаво-бели перја, гола сина и црвена кожа зад очите, цврсти синикави нозе и долга опашка издигната нагоре. Тие се слаби летачи и повеќе предпочитаат да трчаат. Користејќи го својот цврст клун, ги маваат инсектите, лазачите и змиите и потоа ги голтаат од страната на главата.

Птица-грабливка

10-top-10-najubavi-ptici-vo-svetotПтицата-грабливка од редот Falconiformes (орли, соколи, јастреби и мршојадци) или Strigformes (бувови). Првите се нарекуваат и предатори. Тие се активни во текот на денот, а бувовите се ноќни птици. Кондорите и орлите се меѓу најголемите и најсилни птици што летаат. Сите грабливи птици имаат клун подвиткан како кука и остри подвиткани канџи.