Боетиј бил христијанин кој студирал во Атина кој во текот на студиите имал висока чиновничка положба кај кралот Теодерик.
Боетиј ги пренел во раниот среден век знаењата од Аристотеловата логика.
Тој го коментирал и превел на латински Аристотеловиот Органон и некои оргинални расправи од логиката. Додека престојувал во затвор го напишал своето прочуено дело ,,Пет книги за утеха филозофија,, тој исто така превел и други дела на Аристотел.
Поголемиот значаен дел од Аристотеловското учење е сепак содржано во списите на Боетиј.
Во своето теолошко дело против Еутихиј, Боетиј говори за материјата која е присутна во телата и овозможува и претставува основа за супстанцијалните промени во телата или телесните супстанции, додека отсуството на материјата во нетелесните супстанции не им овозможува промени на една нематеријална супстанција во друга или промени на телесната супстанција во нетелесна.
Боетиј сакал да докаже дека во Христијанството се раздвоени божествената и човечката природа и дека и двете се реални.
Потоа во своето дело De Trinitate Боетиј зборува за формата која е во корелација со самата материја. Потоа наведува 10 категории со кои дава објаснување дека Бог го нарекуваме супстанција, но со тоа не мислиме дека тој е супстанција.

Во своето учење за св. Тројца Боетиј цврсто се потпира на св. Августин. Во De Consolatione Philosophie тој развива скица на една природна теологија врз основите на Аристотел, каде што имплицитно разликува природна од догматска теологија. Во третата книга тој го споменува рационалниот доказ за егзистенцијата на Бог како неподвижен двигател, додека во петата книга расправа за очигледната тешкотија да се соеднинат човековата слобода и божјата промисла.
Боетиј не се задржувал само на Аристотел туку и на Порфириј и други новоплатонски писатели, како и на Цицерон.
Боетиј говори за Божјата доброта и нејзиното влијание кое потсеќа на новоплатонизмот. Тој тврди дека Бог го создал светот без никакви промени и од апсолутно ништо.
Боетиј е посебно значаен за раниот среден век бидејќи му дал голем дел знаења за Аристотел.
Исто така неговата примена на филозофските категории на теологијата помогнала да се развијат теолошките науки, додека неговото дефинирање и употребата на филозофските термини било корисно и за филозофијата и за теологијата.
Коментарите кои ги напишал Боетиј бил омилен облик меѓу средновековните писатели. Иако не бил посебно значаен како оргинален и независен филозоф, Боетиј бил многу значаен како преносител и како филозоф кој се обидел да го изрази христијанското учење не само на јазикот на новоплатонистите, туку и на јазикот на филозофите чие влијание преовладува во најголемата филозофска синтеза на средниот век.