Наполеон еднаш кажал: „Ако целиот наш светот би бил една држава, Истанбул би бил нејзин главен град“.

Истанбул е најголемиот град во Република Турција, исто така меѓу поголемите во светот, единствена метропола во светот која се наоѓа на два континенти. Во европскиот континент – Тракија, а во азискиот Анадолија. Неговата важност на светско ниво може да се забележи низ целата историја. Тој е сместен во северозападниот дел од Турција, на крстосница каде се спојуваат копнениот и пловниот пат оваа локација на  Истанбул му дава голема важност и затоа претставува голем финансиски и културен центар.

Во минатото Истанбул бил главен град на Римската и Отоманската империја, а исто така бил познат и под други имиња како  Константиноп, Византион, Цариград. Неговата долга историја условила да се испрплетат разни култури и цивилизации, секако и религии.

Денес, Истанбул е еден од најпознатите градови по своите природни и историски богатства, а истовремено претставува и  спој на култури и инспирација на многу писатели.

 Туристички атракции во Истанбул

  • Момина кула,
  • Аја Софија,
  • Музејот на Мозаикот од Големата палата,
  • Султан Ахмед (сината џамија),
  • Ејуп Султан џамија,
  • Топкапи Сарај,
  • Кулата Галата,
  • Капали чаршија,
  • Плоштадот Таксим.

Момина Кула –  кула на мал остров во близина на брегот на Усќудар во Истанбул, Турција. Кулата е еден од најромантичните објекти во Истанбул. Оваа градба е единствената вМомина Кулао Усќудар која датира од византиско време. Кулата чија митска историја започнува во околу 2.500 п.н.е. е изградена врз мал остров кој се наоѓа на местото каде се среќаваат водите на Црно и Мраморно Море. Момина кула на денешниот град Истанбул дала големо историско и митско значење, кој град во текот на својата историја бил престолнина на неколку големи империи. Во секој еден период од минатото, оваа осамена кула која се наоѓа во водите на Босфорот претставувала симбол на тажната љубов. Легендите во врска со кулата се основани врз  невозможната љубов поради фактот што таа се издига врз едно мало парче земја и е недалеку од брегот на градот. Таа претставува толку голема љубов што ниту самиот град неможел без кулата, ниту пак самата кула без градот. Најголемата љубов на кулата е кулата Галата, која се наоѓа на брегот од Златниот Рог. Кулата според легендите е вљубена во Галата, но помеѓу нив поминува Босфорот кој не дозволува да се сретнат.

 Аја Софија –  е симбол на освојувањето на градот Константинопол денешен Инстанбуbitkata-za-aja-sofija-93009л, во 1453 година од страна на султан Мехмед II Фатих, таа е поранешна православна базилика, која во текот на својата   историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот се наоѓа во реонот  Фатих во Истанбул, Турција. Музејот Аја Софија се смета за 8 Светско чудо, 916 години била црква, а по 1453 година откога градот бил освоен бил претворен во џамија по што 482 години се користел како џамија.

Градбата е позната по својата голема купола, која се смета дека е олицетворение на византиската архитектура и дека ја променила историјата на архитектурата. Аја Софија во Истанбул била неколку пати реновирана, и збогатена со минарињата кои му ги додал познатиот турски архитект Мимар Синан.

Музејот на Мозаикот на големата Палата

Музејот на Мозаикот од Големата палата (турски: Büyük Saray Mozaikleri Müzesi)) се наоѓа во1200px-Mosaic_museum_Istanbul_2007_021близина на плоштадот Султан Ахмед во Истанбул, Турција. Мозаиците кои биле пронајдени датират од времето на Византија, најверојатно кога владеел Јустинијан I (527-565) кога овој музеј спаѓал во комплексот на Големата Палата во Константинопол. Мозаикот го претставува најголемиот и најубавиот пример на пејзажните мозаици во доцната антика.

Мозаикот бил откриен од страна на британските археолози на универзитетот Свети Андреј во периодот од 1935-1938 и 1951-1954 година. Мозаикот го претставува најголемиот и најубавиот пример на пејзажните мозаици во доцната антика. Нејзиниот извонреден квалитет на изработка веројатно укажува дека за неговата конструкција императорите ги задолжувале најдобрите уметници од целата територија на Византиската империја.

Сината џамија

Ако патувате во Истанбул, на Босфорот а патот не ве доведе до Џамијата „Султан Ахмед“ (турски: Sultanahmet 440px-Blue_MosqueCamii) која е изградена од истакнатиот архитект Седефкар Мехмед-ага по наредба на султанот Ахмед I во периодот од 1609 до 1616 г.,  вашето патување не би било потполно. Со своите грандиозни бои — сина, зелена и бела, од плочка од порцелан, во Европа  е позната и како „Сина џамија“ (Mavi Camii), џамијата Султан Ахмед е првата џамија во Османлиската Империја, која има 6 минариња. Долните делови на внатрешните ѕидини и столбови во џамијата, се украсени со повеќе од 20.000 рачно изработени керамички плочки направени во Изник (древна Никеја). Иако во оваа џамија и понатака се извршуваат верски обреди тоа не спречува секојдневно да се видат илјадници посетители .

Сината џамија е подигната на местото на некогашниот царски дворец во тогашниот Константинопол, недалеку од Света Софија, која во тој период била најголема џамија во Империјата. Делови од амфитеатарот од стариот дворец биле срамнети со земја, за да се направи место за ова здание.

„Царската џамија“ која ја подигнал Ахмед I, била првата во Отоманската империја со 6 минариња, за што добил и многу критики, со оглед на тоа што во тој момент и џамијата Масџид ал Харам во Мека имала ист број минариња. Проблемот се надминал кога во Мека било подигнато и седмо минаре. Оваа џамија е речиси идентична со Сулејмановата џамија, се разликуваат според куполите и бројот на минарињата. Фасцинантниот дел се наоѓа внатре во градбата каде што ѕидовите се украсени со преку 20.000 рачно изработени керамички плочки.

Ејуп Султан џамија

fatihПо падот на Цариград во 1453 година, султанот Мехмед II издал наредба да бидат изградени голем број на џамии во градот. Првата џамија која била изградена во градот била Ејуп Султан џамија, која се наоѓа на местото каде се верува дека се наоѓа гробот на Eбу Eјуб eл-Ансари, наследник на муслиманскиот пророк Мухамед.

Ансари загинал за време на опсадата на Константинопол во 674 година. Турскиот патописец Евлија Челебија раскажал за отварањето на гробот, турбето на Ебу Ејуб ел –  Енсари се наоѓа на северната страна од еден двор наспроти главниот влез од салата за молитва. Џамијата била изградена во 1458 година. За многу краток период, џамијата се претворила во свето место за муслиманите од новиот Истанбул.

Оваа џамија е најстарата и најсветата во Турција тука се одржувале традиционалните церемони за крунисување на новиот султан. Нејзиниот стил бил сменет неколу пати, а денешниот барокен стил го добива во време на султанот Селим во 1800-тите години. Уште една причина поради која оваа џамија е важна за муслиманите е и фактот што оваа џамија има неколку лични работи на пратеникот Мухаммед.

Топкапи Сарај

Топкапи Сарај — музеј кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Овој објект бил главното седиште на администрацијата на Османлиската Империја во периодот помеѓу 1456 до 1853 година. Бил изграден во времето на султан Мехмед II. Оваа рез8ef3866604a0d1a58e737845403e1a42иденција се наоѓа помеѓу Златниот Рог и Мраморно Море, блиску црквата Света Софија. Палатата претставувала истовремено седиште односно резиденција на султанот, центар на империјата и место каде се одржувале голем број на државни конференции, совети и забави на султанот.

Самиот комплекс е поделен на четири дела или четири дворови со голем број на помали објекти како на пример џамија, болница, пекарница и ковачница. Денес, објектот претставува музеј кој има непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Овде се наоѓа и мечот на пророкот Мухамед. Топкапи Сарај претставува едно од најголемите туристички атракции на градот.

Во 1985 година, палатата од страна на УНЕСКО била вклучена во списокот на светско и културно наследство на Турција, како најдобар пример од комплекси изграден во времето на Османлиите.

Кулата Галата

galata-tower-istanbul-nightКулата Галата (Galata Kulesi) е средновековна  кула од камен која е сместена е во населбата Галата, во близина на Златниот Рог. Кај Венецијанците, кулата е позната и како Христова кула. Во времето кога била изградена, таа била највисоката градба во градот. На нејзиниот највисок спрат денеска постои ресторан кој дополнително дава еден величествен поглед на Истанбул и на Босфорот. Кулата има девет катови и висока е 66,90 м, без украсот на врвот висока е 51,65 м.

Оваа кула е изградена во 1348 година на старите темели од оригиналната Виззантиска кула Megalos Pirgos (Голема Кула). Почнувајќи од 1717 година Османлите почнале да ја користат кулата за забележуввање на пожари во градот, а во 1794 година за време на султан Селим III покривот на кулата бил направен од дрво и олово. За време на последната обнова дрвениот пкрив бил сменет со нов бетонски односно бетонска конструкција потоа е комерцијализиран и отворен за јавноста.

Од врвот на кулата првиот француски сликар за панорами Пјер Превост ја нацрта својата „Панорама де Костантинопол“ во 1818 година, а која е изложена во Париз.

Капали чаршија

Капали чаршија (турски: Kapalıçarşı, во превод Затворен пазар или Büy5df0cb0e55427f1fa0c3d1d4ük Çarşı, во превод Голема чаршија) — се наоѓа во Истанбул, Турција. Таа е една од најголемите и најстарите покриени пазари во светот со 61 улица и 3,000 продавници сместени во 12 основни згради со 22 порти. Комплексот дневно се посетува од страна на 250.000 до 400.000 посетители. Во 2014 година чаршијата била прогласена за најпосетувана туристичка атракција во светот со вкупно 91.250.000 посетители годишно. Големата чаршија во Истанбул често се смета за еден од првите трговски центри во светот.

Изградбата на идното јадро за економски просперитет на Истанбул  започнала во далечната 1455/56 година непосредно по освојувањето на Константинопол подоцна Истанбул. Изградбата на чаршијата завршила во 1460/61 година, а зградата била дадена на вакуф на џамијата Аја Софија.  На почетокот на 17 век чаршијата веќе ја зазема својата конечна форма, а распространувањето на Отоманската империја на три континенти оваа чаршија ја направи да биде центар на медитернаската трговија. Според повеќе европски патници до 19 век оваа чаршија била незаменлива во секоја смисла. Последна реставрација на комплексот се случи во 1980 година.

Плоштадот Таксим

Плоштадот Таксим (турски: 38448262_303Taksim Meydanı) се наоѓа на европската страна на градот помеѓу Златниот Рог и Босфорот. Овој плоштад е еден од најпознатите во градот, покрај кој се наоѓаат голем број на ресторани, продавцници, хотели и слично. Во центарот на плоштадот се наоѓа познатиот споменик Кумхуриет Анити кој бил изграден во 1928 година.

Истанбул со своите природни и историски богатства е град кој воодушевува на прв поглед. Alphonse de Lamartine, познат француски поет рекол: „Ако на светот мораш да погледнеш само еднаш, тогаш погледни го Истанбул. Таму Господ и човекот, природата и уметноста створиле единствена глетка, која вреди да се погледне“.

Подготвила:
Униса Несимоска ученичка од клас III-6 во гимназијата „28 Ноември“ – Дебар
Корекција: проф. Орхан Дервишоски

Извори:

http://www.kizkulesi.com.tr/DayTime/DayTimeBoatTransfer.aspx

Магдалино, Павел. “Истанбул: градби, Света Софија”. Oxford Art Online. http://www.oxfordartonline.com. 28 февруари 2010 година

Byzantium 1200 | Мозаикот од големата палата

http://iguana.com.mk/blog/blogpost/sinata-amia-vo-istanbul/

Goodwin G., “A History of Ottoman Architecture”; Thames & Hudson Ltd., London, reprinted 2003; ISBN 0-500-27429-0

Necipoğlu, Gülru (1991). Architecture, ceremonial, and power: The Topkapı Palace in the fifteenth and sixteenth centuries. Cambridge, Massachusetts: The MIT Press. стр. 3. ISBN 0-262-14050-0.

http://iguana.com.mk/blog/blogpost/kulata-galata-vo-istanbul/

http://iguana.com.mk/blog/blogpost/kapali-charshia-istanbul/

„Istanbul Metropolitan Municipality: Taksim – 4. Levent metro hattı“. Ibb.gov.tr. конс. 2009-07-21.