Доколку сте во потрага по работа, но не сте задоволни колку вашата професија е платена во вашата држава, во продолжение ви ги нудиме најдобрите 10 професии во САД, рангирани според висината на просечната месечна плата, кои неодамна ги објави весникот „US News & World Report“ а од нив сите 10 се од областа на медицината:

10.Медицинска сестра на анестезиолог 

Месечна просечна плата:$13,241

Медицинската сестра на анестезиологот му помага во процедурите при припремањето на анестезија преку интервентски лекови и воздушни гасови. За да станете медицинска сестра на анестезилог потребно е да има искуство од најмалку една година во критичка нега и заработено магистерска диплома од акредитираната програма за медицинска сестра за анестезилог.

9. Заболекар

Месечна  просечна плата: $14,362

Заболекар
Заболекар

Заболекарите помагаат во одржување на здравјето на устата, забите и непцата на пациентите,  дијагонистицирање на оралните болести и вадење на заби кога е потребно.

8. Педијатар

Месечна просечна плата: $15,265

Педијатар
Педијатар

Педијатерите за гирижат за менталното и физичкото здравје на децата од раѓање до периодот на адолесценција.

7. Психијатар

Месечна просечна плата: $16,140

Психијатар
Психијатар

За разлика од педијатрите и хирурзите, психијатерите се грижат за менталното здравје на пациентите. Тие дијагонстицираат и лекуваат сложени состојби како психичко растројство, шизофренија и депресија.

6. Лекар

Месечна просечна плата: $16,376

лекар
лекар

Лекарите се грижат за примарното здравје на пациентите и даваат упати за специјалистичко лекување доколку тоа е потребно.

5. Заболекар протетичар

Месечна просечна плата: $18,450

Заболекар протетичар
Заболекар протетичар

Овие лица се грижат за убавата насмевка на пациентите, со поправање на расипаните заби и ставње на протези на забите доколку тоа е потребно.

4. Акушер и гинеколог

Месечна просечна плата: $18,534

гениколог
гениколог

Акушерите и гинеколозите помагаат во одржување на репродуктивното здравје на жените.

3. Орална и максилофацијална хирургија

Месечна просечна плата: $19,490

Орална и максилофацијална хирургија
Орална и максилофацијална хирургија

Овие лица прават хируршки зафати кои се однесуваат на лицето, устата и вилицата.

2. Хирург

Месечна просечна плата:  $20,620

хирург
хирург

Хирурзите ги отвораат телата на луѓето за да корегираат повреди, зарази или деформитети. Ова е една од најтешките  професии во медицината  и  за која е потребно долго време тренинг и обука.

1.Анестезиолог

Месечна просечна плата:  $21,508

анестезиолог
анестезиолог

Анестезиолозите се најплатени во САД. Тие се задолжени за одредување на лековите кои им дозволуваат на хирурзите да спроведат одредена хируршка процедура без тоа да го почувствуваат пациентите.