Галилео Галилеј

download

 Галилео Галилеј бил роден на 15 февруари 1564 година во Пиза, а умрел на 8 јануари 1642 година. Тој бил италијански астроном, филозоф, физичар и математичар. Се смета дека тој го измислил телескопот, ги открил првиот и вториот закон на движењето и го проучувал Сончевиот систем. Честопати го нарекувале „татко на современата астрономија“ или „татко на науката“. Проучувал математика и станал професор по тој предмет на Универзитетот во Пиза. За тоа време почнал да го проучува паѓањето на предметите и се посветол на астрономијата.

 Галилео Галилеј истражувал зошто Месечината патува околу Земјата. Испукувал многу топовски ѓулиња од различни места. Тој открил дека колку побрзо патува ѓулето толку помалку е заоблена патеката. Тој мислел дека ако ѓулето патува многу брзо, никогаш нема да слета на Земјата и ќе продолжи да паѓа. Мислел дека на овој начин, Месечината кружи околу Земјата, но никогаш не слетува на неа.

096d1ab715c04262796e167dc11c9334Научникот Галилео Галилеј сакал да дознае со колкава брзина паѓаат предметите. Тој од кривата кула во Пиза, Италија фрлал метални топки со различни големини. Открил дека при паѓањето на некој предмет од одредена височина, самото тело забрзува.

Значи ако една топка фрлиме таа за една секунда ќе помине 10 метри, за две секунди 20 метри, за три секунди 30 метри итн.

 Што би се случило ако истовремено фрлиме пердув и метална топка од одредена височина? Металната топка ќе падне побрзо од пердувот, но зошто?

Одговорот не е: Затоа што металната топка има поголема тежина од пердувот. Вистинскиот одговор е: Отпорот на воздухот. Ако го немаше воздухот, сите предмети ќе паѓаат со иста брзина, без разлика на нивната тежина.