Албинизам е недостаток на кафеав пигмент – меланин, а таквата личност ја нарекуваме албинос. На оваа појава може да се наиде и во Африка, така што црнците во тој случај се побели и од белците. Обоеноста на кожата, косата, очите итн., кај човекот е последица на меѓусебното влијание на различните материи во неговото тело. Едно се материите што претставуваат основа за идните бои, а друго се ензимите што влијаат на таа основа. Ако некој ја нема едната од овие две материи или нивниот однос е нарушен доаѓа до албинизам. Името потекнува од латинскиот збор “албус”, што значи бел. Албиносот има очи со розова боја, поради црвенилото на крвта во мрежниците на очите.

Очите на албиносот се мошне осетливи на светлината. Затоа тие постојано трепкаат и ги држат делумно спуштени трепките. Влакната по телото и косата на албиносот се бели. Дури и ткивата во телото се бели, на пример мозокот и ‘рбетниот мозок. Да спомнеме дека албинизмот не постои само кај луѓето, туку и кај сите видови животни. Пронајден е и кај птиците. Албинизмот може делумно да се наследи. Многу луѓе не се албиноси, но ги пренесуваат особините на албинизмот на своите деца. Албиноси се веројатно белите глувци, стаорците и зајаците, што сите добро ги познаваме. Има луѓе кои виделе верверичка албинос па дури и жирафа албинос!