Еве неколку совети што треба да јадете пред и после тренинг за да извлечете максимум за телото:

Ако немате правилен режим на исхрана, вие ќе отидете на вежбањето гладни и едноставно нема да имате енергија за да вежбате како што треба. Ако тренирате подолго време без да јадете, ќе ја ограничите можноста на организмот да согорува калории. Покрај тоа, ако мускулите не ги пополнуваат своите енергетски резерви, тие нема да можат да се обноват како што треба.

Што треба да се јаде пред тренинг?

Точно пред да тренирате, последното нешто што треба да го јадете е многу масти. Овие “горива” имаат потреба од подолг период за варење и одземаат највреден кислород и енергија за обезбедување на проток на крв во стомакот, наместо кон мускулите. Овие храни носат поголем ризик од болки во стомакот за време на тренингот. Но ако не ги јадете воопшто, ризикувате бидејќи телото ќе биде под стрес.

Конзумирајте храна околу два часа пред тренинг, со тоа што ќе внесете протеин или помеѓу 300 и 500 калории, кои се состојат главно од јагленихидрати.

Можете да изедите една чаша овесна каша со протеин, полнозрнест житен појадок, пченкарен леб . Пред тренинг можете да конзумирате протеин или овошје како јаболко или една банана.

Ако немате доволно време да јадете два часа пред тренинг, напијтесе една доза протеин или каснете една житарка околу 50-100 калории, 5-10 минути пред да почнете да вежбате.

Што треба да јадете додека вежбате?

Ако ви треба јадење за време на тренингот ( според истражувњата човек може да спортува без храна околу 60 минути, но после тоа добро е да го снабдите вашето тело со хранливи материи), пак јагленихидрати – грст суво грозје, овошје, енергетски бар или спортски пијалоци. Така ќе можете да останете активни.

Ако имате намера да вежбате помалку од еден час – не треба да јадете, туку едноставно да го хидратирате телото со вода.

Што треба да јадете после тренинг?

Добро е да си дадете пауза од 20-60 минути откако ќе извежбате, но не и повеќе. Храната е потребна за вашето тело, за да ја користи како гориво за обновување на енергијата.

Идеална храна после тренинг е мешавина од јагленихидрати и протеини. Ако имате 70 килограми, можете да јадите околу 300 калории од јагленихидрати и околу 150 од протеини.

Пример порција печено пилешко со кафеав ориз компири или протеински шејк со банана.