Чадот од тутунот содржи неколку илјади различни хемикалии, од кои повеќето придонесуваат развој на заболувања кај човекот. Примената на тутунот е голема причина за смрт од канцер, кардиоваскуларни заболувања, и пулмонални заболувања.

Канцер

Иако претставува еден од најголемите причинители на канцер, што може да се спречи, пушењето е одговорно за околу 30% од смртноста предизвикана од канцер. Голем број хемиски соединенија што се наоѓаат во чадот од цигарите може да придонесат за карциногенеза како иницијатори за тумор, или целосни карциногени. Пушењето цигари предизвикува специфични начини на ƿ53 мутации, кои се поврзани со сквамоцелуларни карциноми на белите дробови, главата и вратот.
Канцер на белите дробови предизвикан од пушењето цигари е водечката причина за смрт во светот. Ризикот од канцер на белите дробови или друг тип на канцер е пропорционален на тоа колку цигари дневно се пушат и времетраењето на пушење.

Консумацијата на алкохол дејствува сингеристички (т.е содејствува) со тутунот во предизвикувањето на орален канцер, канцер на гркланот и канцер на хранопроводот.
Пушењето исто така има удел во 20 до 30% од случаите на леукемија кај возрасните лица, вклучувајќи ги лимфоидната и миелоидната леукемија, како и удел до 20% во колоректалните канцери.

Срцеви заболувања

Ризикот на заболувања се зголемува кога станува збор за срцеви заболувања, ненадејна смрт, цереброваскуларни заболувања како и аневризма (проширување на крвен сад) на аортата.
Пушењето цигари ја забрзува артеросклерозата и ги засилува акутните исхемични (исхемија – локален прекин на доток на крв) настани. Механизмите на ефектите на пушењето не се целосно разјаснети, но се смета дека вклучуваат:
1. Хемодинамички стрес – никотинот ја зголемува срцевата фреквенција и за кратко време го зголемува крвниот притисок;
2. Развој на атерогенски липиден профил – пушачите имаат во просек зголемен холестерол;
3. Зголемена коагулабилност.

Пушењето цигари не претставува фактор на ризик за хипертензија, но го зголемува ризикот од компликации. Исто така се покажало дека пушењето има значителен придонес на морбидитетот и смртноста кај пациенти со дисфункција на левата комора.

Белодробни заболувања

Белодробното заболување поради пушење ги вклучува синдромите на хроничен бронхитис (кашлица и зголемена секреција на слуз), емфизем и опструкција на дишните патишта. Патолошките промени создадени во белите дробови со пушењето цигари вклучуваат хиперплазија на мукозните жлезди, зголемен број на пехарести клетки во главните дишни патишта, воспаление, затнување на малите дишни патишта со слуз, деструкција на алвеолите и намален број на мали артерии. Пушењето цигари го зголемува ризикот за развој на посериозни вирусни инфекции, вклучувајќи настинка вирус на инфлуенца и варичела. Туберкулозата исто така се смета меѓу најважната инфекција поврзана со пушењето.