Оваа голема планета од Сончевиот систем, во форма на топка или сфера, главно се состои од карпи!  Во нејзината внатрешност карпите се растопени, но надворешната кора е тврда. Помалку од една третина на Земјината површина ја покрива копно, а над две третини вода. Земјината кора  однадвор е дебела помеѓу 50 и 120 километри и се вика литосфера. Високите делови на кората се континентите, а ниските делови се дната на океаните, морињата и езерата. Сета вода на Земјината површина, океаните, езерата, реките и сите помали извори се вика хидросфера. На границата на кората и обивката се наоѓа Мохо-слој, познат како Мохоровиќиев дисконтинуитет.

Човекот го има испитано само највисокиот дел од карпестата кора што го формира надворешниот дел на Земјата, па затоа е тешко да се утврди од што се состои нејзината внатрешност. При ископување на бунари и рудници е утврдено – колку подлабоко е дупката, температурата станува се повисока. На три километри под Земјината површина температурата е толкава,што водата зоврива. Научниците откриле многу нешта за внатрешноста на Земјата проучувајќи ги земјотресите. Температурата во центарот на Земјата не е повисока од околу 5 500 степени. Секако, тоа е голема жештина – бидејќи карпите се топат на температура од 1 200 степени!

Земјата е поделена на повеќе слоеви и тоа:

Земјината кора претежно е соствена од лесно распадливи карпи со мала густина. Таа се дели на два дела, Континенталната кора која содржи гранит, а додека океанската содржи најмногу базалт и габро. Под кората на длабочина од 2 900 км се наоѓа земјина обивка. Таа се состои од богати слоеви на железо и магнезиум, односно од карпи со поголема густина од оние кои ја сочинуват кората. Притисокот зависи од длабочината, колку е подлабоко толку е повисок притисокот.  Обивката се дели на горна обивка која се наоѓа помеѓу астеносферата и земјината кора се состои од ултрабазични карпи перидотит и еклогит. Долната обивка е дебела околу 1 900 км е хетерогена односно има разновиден (видлив) состав.

Просечна густина на Земјата е 5 515 кг/м3 , а пак густина на површинските материи е околу 3 000 кг/м3  . Што би значело дека погустата материја се наоѓа во јадрото. Јадрото  се дели на два дела, внатрешен дел на јадрото со дијаметар од околу 1 250 км и надворешно (се смета дека јадрото е течно) јадро кое има дијаметар од 3 500 км. Се смета дека внатрешното јадро е во кристален облик, а додека надворешното е составено од течно железо и никел.

Секако овие се општи информации, Земјата сеуште ни останува како нерешена „загатка“,  а тоа нѐ предизвикува за понатамошно нејзино истражување.