Сончевите дамки се привремен појава на фотосферата на Сонцето кои се видливи како темни дамки споредени со околните региони. Тие одговараат на концентрацијата на флуксот на магнетното поле и резултираат во намалена температура споредена од околната фотосфера. Иако тие се на температура од околу 3000-4500к (2700-4200 степени целзиусови), во контраст со околниот материјал на околу 5700к (5500 степени целзиусови), остава сончеви дамки јасно видливи како темни дамки. Тоа е бидејќи светлината на загреаното црно тело на овие температури варира екстермно со температурата поголем од зрачењето на брановите должина во црното тело. Изолирана од опкружувачката фотосфера сончевата дамка ќе биде посветла од месечината,сончевата дамка е составена од два дела: централно јадро и околно пенумбра која е посветла.

Кој ги открил прв?

Кога во 1609 година е пронајден телескопот, Галилео Галилеј конструирал неколку телескопи, со чија помош ги наблудувал дамките на Сонцето. Низ телескопот тие изгледале како големи темни лочки на светла површина.

Сончевите дамки можат да се нблудуваат скоро во секој ведар ден. Тие знатно се разликуваат по големина, така што една огромна дамка имала околу 150 000 километри должина и околу 100 000 километри ширина. Дамките ретко се јавуваат поединечно – главно тие се распределени во јата.

Се смета дека сончевите дамки се наелектризирани, судејќи по некои ефекти што ги создаваат. Тие се огромни витли од наелектризирана материја што избиваат од внтрешноста на Сонцето, во парови, по форма слични на латинската буква U. Сончевите дамки или нивната ослободена електрична енергија во просторот испраќаат зраци со негативно наелектризирани електрони. Некои од овие електрони влегуваат во Земјината атмосфера и предизвикуват определени електрични ефекти. Еден од овие ефекти е поларната светлост. Џорџ Елери Хејл прв ги поврзал магнетните полиња и сончевите дамки во 1908 година, Хејл сугерирал дека циклусот на сончевите дамки трае 22 години, покривајќи два периода на зголемување и намалување на бројот на сончевите дамки, придружени со поларна замена на диполарно магнетно поле.

Електричната енергија од сончевите дамки исто така пречи и во радио-врските. Овие електрони изгледа дека го зголемуваат количеството на озон во горната атмосфера. Озонот апсорбира повеќе Сончева топлина и на тој начин Сончевите дамки можат да влијаат на промената на времето. Повеќето сончеви дамки траат само неколку дена, но има и такви што можат да трат и по два месеца, па и повеќе (според Хејл и многу години). Тие најпрво се зголемуват, а потоа се смалуваат во правилни циклуси.

Податоците за сончевите дамки постојат од пред стотина години, но ние и понатаму ја проучуваме нивната природа и нивното влијание на Земјата и на човекот.