Шелинг чистото Јас го сфаќа како Апсолут, чие единство се прикажува во сеопштото Едно– свест, мислење, личност- сето тоа се изведува Јас.

Шелинг посветува најмногу внимание на природата, тој ја сведува на чисто не-Јас, каде што природата ги губи сите свои специфики и со тоа се отвара нова перспектива во развојот на идеализмот.

Ако природата не е чисто не-Јас, што е тогаш?

Тој проблем може да се реши само со дозволување, единствено помеѓу духот и природата, идеалното и реалното. Ова ни укажува дека духовниот живот може да се примени и за природата.  Разумот внесува во природата „чиста активност“, која што Фихте ја видел како „суштина“ на Јас; Шелинг на тоа додава и вели дека природата е производ на „несвесниот ум“ кој делува од внатре, постепено се развива и самиот се прикажува себеси како цел. Ако природата е видлив дух, а духот е невидлива природа, тоа значи дека постои единство помеѓу духот во нас и природата надвор од нас. Тој тука ни го прикажува неговиот „реален идеализам“ по кој душата и природата  произлегуваат од еден ист принцип. Шелин природата ја гледа како одуховена целост. Природата е последица на прогресивниот развој на самоидентичните моќи на несвесниот ум, а тоа што се прикажува како неживо во природата, тоа всушност е живо, но сеуште спие, поради тоа што т.н., мртва природа е незрел разум. Во човекот се среќаваат умот и свеста, преку кои во него се буди природата.

Своите највисоки цели природата ги достига, кога таа станува предмет на самата себе, таа е идентична со свеста, па затоа човекот е последната цел на природата, поради тоа што во него се буди дух кој спиел на предходните степени на развој. Природата се толкува како преобразување на несвесен ум во свесен преку ниските ниво на неорганската природа па се до високите.

Суштината на природата се смета како борба на спротиставени сили, а во природните појави Шелин видел борба на подеднакви сили и таа борба е структура на  сѐ живо.