Можеби мислите дека стаклото се прави од мешавина на посебни хемикалии и тоа на сосема посебен начин, така што тоа е вистинско чудо на хемијата. Меѓутоа, стаклото се прави на прилично едноставен начин од сосема обичен материјал.

Стаклото е супстанца што настанува со стопувањето на определени материи, а потоа со ладење на смесата, при што атомите се редат правилно. Околу 95% од суровините во нашата земја би можеле да се употребат за изработка на стакло. Меѓутоа, најзначајните суровини се: песок (силициум), сода, варовник, боракс, борна киселина, магнезиум оксид и оловен оксид.

Првото стакло го создала самата природа. Пред 450 000 000 години низ Земјината кора се пробила усвитена карпа како растопена мешавина што излегувала низ челуста на вулканот. Кога таа усвитена лава содржела силициум и нагло се ладела, таа формирала стакло тврдо како камен. Тоа вулканско стакло се вика опсидијан.

Луѓето уште од прастари времиња прават стакло. Уште пред повеќе од 5 000 години Египќаните знаеле како се изработува еден вид обоено стакло, преку кое луѓето откриле како стаклото може да се дува и на тој начин од него да прават стотици разни форми и големини на стаклени предмети. За изработка на стакло има различни процеси, во зависност од тоа какво стакло сакаме да добиеме.