pcelaИма илјадници видови и подвидови пчели. Оттука нивниот живот и навики меѓусебно значително се разликуваат. Но за вас веројатно и најинтересно е како пчелите произведуваат мед и како “опшествените” пчели го организираат животот во своите заедници.
За да произведе мед, пчелата најпрво ги обиколува цветовите, го пие нивниот нектар и во својата вреќичка го носи во матичникот. Таа вреќичка е составен дел на пчелиното тело, проширение на органот за варење и се наоѓа во предниот дел на стомакот, но сосема одвоено од него. Шеќерот, како составен дел на нектарот од цветовите, хемиски се менува уште додека се наоѓа во вреќичката на пчелата, што претставува прва етапа во создавањето на медот од цветниот нектар. Пред да се претвори нектарот, со обработка, во мед, пчелата го отстранува од него најголемиот дел на водата, преку процесот за испарување. Наспроти пчелите, медот што е се уште течен како и самиот нектар, бумбарите го држат во специјални клетки, таканаречени медени лончиња, затоа бргу им скиснува. Но затоа медот, што пчелите го внесуваат во саќето и го чуваат таму, толку испарил, што речиси и не содржи вода, така што може да се држи вечно.
А што се случува во текот на зимата ? Пак да ги споредиме бумбарите и пчелите. Во краиштата каде што владеат умерени температури, младите матици на бубмарите се вовлекуваат во длабоки дупки во песокот, што ги ископале самите, или се засолнуваат на некои други погодни места и така презимуваат. Тие се единствените членови на заедницата што воопшто ја преживуваат зимата.
Во пролетта, секоја преживеана матица основува нова опшествена заедница.
Пчелите се многу посреќни. Имаат способност за прилагодување дури и во посурови климатски услови. Нивната општествена организација е мошне ефикасна и сложена, така што до некаде може да се спореди со човечката општествена заедница.
Во кошницата, каде што живеат пчелите, работничките мошне прецизно ја одржуваат температурата. Таа преку летото постојано се наоѓа на 32 степени целзиусови во деловите на кошницата каде што се развиваат младите пчели. А за време на зимските денови температурата во кошницата не смее да падне под 7 степени целзиусови над нулата. Медот во кошницата им служи за прехрана на пчелите, но и како “гориво”. Располагаат со природен дар за спречување на падот на температурата на тој начин, што ја зголемуваат потрошувачката на мед.