8948abdc76a2ecaa4dea5c33801a2c42Постојат повеќе разни видови ќелавост, но во повеќето случаеви тоа е состојба пред која човекот е беспомошен и на која едноставно и нема лек.
Луѓето сешто зборуваат за ќелавоста: дека таа е знак на стареење, знак на невообичаена интелигенција или пак знак за невообичаена тапост. Но секој вид на ќелавост знаци дека човек ја губи косата.
Кај ќелавоста што ја среќаваме најчесто, косата почнува да паѓа на слепоочниците или ќелата се појавува на темето на главата. Тоа е најтежок вид на ќелавост против кој не се може ништо, затоа што обично е наследна. На наследноста на оваа ќелавост влијае полот. Таа најчесто се појавува кај мажите, отколку кај жените. Многу често жените носат гени на ќелавост и ги пренесуваат на своите деца. Штом ќе се појави ќелавоста, најдобро што човек може да го направи, е да се навикне на неа.
Прерана ќелавост може да се појави кај луѓето уште во 25тата година, па дури и порано. Една од причините за оваа ќелавост може да биде недоволна грижа за косата, недоволната хигиена на кожата на главата, а понекогаш нарушување на рамнотежата на половите хормони.
Ќелавоста некогаш се јавува како знак за инфекција или на други болни состојби. Во такви случаеви, штом човекот ќе оздраве, косата може повторно да му порасне. Ненадејното губење на косата може да биде последица од тифус, шарлах, грип, и од други сериозни инфекции.
Постепеното губење на косата или проретчување на косата може да биде предизвикано од недоволно квалитетна исхрана или од нарушувањето на некои жлезди. И, се разбира, ќелавоста може да настане како последица од нарушување на самата кожа, како што се некои повреди или болести во кожата на главата.
Една превентива во случај да ќелавоста не е наследна во почетокот како што наведивме дека може да настане од недоволна хигиена или од болест на кожата на главата, превентива на лечење на ќелавоста ни е да обрнеме повеќе внимание на хигиената на главата, и да се обратеме во амбуланта за испитување на инфекциите настанати во кожата на главата. Доколку ќелавоста ни е наследна,  нема лек, единствено ни останува да се помириме со тоа и да се навикнеме.