Дали некогш сте ги наблудуваље ѕвездите и во нив препознавале разни шари, букви и познати фигури? Насекаде во светот луѓето одамна го правеле тоа и им дале имиња на групите ѕвезди што ги набљудувале. Една таква група ѕвезди се вика „соѕвездие“.

Денешните имиња на соѕвездијата потекнуваат од времето на старите Римјани и Грци. Она што Грците го знаеле, делумно го примениле од Вавилонците. Вавилонците некои групи ѕвезди ги нарекле по животните, а некои по кралевите, кралиците и митските херои. Подоцна Грците промениле многу вавилонски имиња и им дале имиња на свои херои, ккао што се Херакул, Орион, Персеј. И Римјаните менувале некои имиња. Овие  стари имиња се користат и понтаму, но секогаш не е лесно да се замислат фигурите по кои настанале. На пример, Аквила е Орел, а Либра е Вага, но нам овие соѕвездија не ни изгледаат како тие фигури.

Околу 150 години од новата ера познатиот астроном Птоломеј направил список на 48 за него познати соѕвездија. Овој список не ги опфаќа сите ѕвезди, и во него имало многу празни места. Така подоцнежните астрономи го дополниле овој Птоломеев список. Некои од тие нови соѕвездија добиле имиња по научните инструменти,како што се Секстант, Шестар и Микроскоп. Денешените астрономи познаваат 88 соѕвездија.

Соѕвездието, всушност,преставува една област на небото. Тоа значи дека секоја ѕвезда лежи во некое соѕвездие како што и секој град лежи во некоја држава. Границите на соѕвездијата некогаш имале неправилни форми. Многу од нив биле ограничени со криви линии. Но во 1928 година астрономите решиле да ги исправат па сега секое соѕвездие е ограничено со правии линии.