Руско- турските војни се серија војни водени помеѓу Русија и Отоманската Империја од XVII до XIX век. Русија ги повела првите војни во неуспешните обиди да изгради пристаниште на топлите води на Црно Море.

1449792857181Во војната од 1695-96 година, сепак, Петар I ја освоил тврдината на Азов, но последователните обиди на Русија да го заземе Балканот пропаднале и довеле до Белградскиот мировен договор. За време на владеењето на Катерина II Првата голема руско-турска војна ги поместила јужните граници на Русија и овозможило неодредено право да ги штити отоманските христијанско поданици на султанот. Катерина го анектирала полуостровот Крим во 1783 година. Русија се здобила се целиот западен украински дел од црноморското крајбрежје со договорот од Јаши.

Следната војна довела до Букурешкиот договор. Во XIX век војните биле водени за Дарданелите и Босфорскиот теснец, Кафказот и Крим. Војната од 1828-29 година завршила со Мировниот договор во Едрене, кој и отстапил големи простори на Русија. Руско-турската војна од 1877-78 година ги спротивставила Русија и Србија со Турција за автономијата на Босна и Херцеговина. Русија победила, но придобивките со кои се стекнала со Санстефанскиот договор биле ограничени со Берлинскиот конгрес, а кои и ги наметнале Британија и Австро-Унгарија.