Сатурн е шестата планета од Сончевиот систем. Таа орбитира на околу 10 астрономски единици од Сонцето и е втора по големина (120.536 km (екватор) и маса од  5,68 × 1026 kg) во Сончевиот систем по Јупитер. Сатурн е изграден претежно од разни гасови и е таканаречен гасен џин. Познат е по својот систем на прстени, што се состојат  главно од честички на мраз со помала количина на остатоци и прав. Сатурн е 75% азот и 25% хелиум слично на Јупитер и има карпесто јадро. Се врти брзо и како последица на тоа е раширена на екваторот. Температурата на јадрото на Сатурн изнесува 120.000К, поради постепена гравитциона компресија позната како механизам на Келвин-Хелмхолтц што исто така се случува на Јупитер и Нептун но не и на Уран. Брзината на ветровите во атмосферата постигнуваат до 1800км/час.  Сатурн околу својата оска се завртува за 10,5 часа, околу Сонцето за 29,46 години. Сатурн има многу месечини, а најпозната и најголема е Титан.

Името го добил од римската митологија – Сатурн  (кој го сметале бог на земјоделството).

Галилеј, првиот човек којшто со телескоп го испитувал небото, во 1610 година забележал нешто чудно околу Сатурн, нешто што изгледало дека излегува од неговата површина. Во 1655 година, научникот по име Кристијан Хајгенс го проучувал Сатурн со подобар телескоп и видел нешто толку чудно, што за тоа не смеел да каже на никого (во тој период црквата забранувала да се изнесува спротивно мислење и учење во однос кажувањата од Библијата). Своите забележувања ги шифрирал и кога подоцна биле прочитани, во нив стоело следното: „Тој (Сатурн) е опкружен со тенок плоскав прстен, кој не го допира никаде, а којшто е наведнат спрема елиптиката“

Кристијан Хајгнес е првиот кој сватил дека прстените не се цврсти, туку се составени од вселенски отпадоци кои орбитираат околу планетата. Најширок и насветол прстен е Прстен В, Прстен А е подалеку и поблед. Прстените се само 100 м широки што е навистина малку во споредба со нивниот радиус од 135.000 км, во Прстенот А има тесна празнина наречена Encke’s Division (Енкова Дивизија) околу која орбитира месечината Пан Атлас, орбитира околу надворешниот раб на Прстенот А. Војаџер сондите открија нов надворешен прстен, Прстен F. Околу овој прстен се вртат месечината Прометеј и Пандора.

Сатурновите прстени, кои толку го вчудовиделе човекот што ги открил прв и понатаму остануваат како голема тајна на нашиот Сончев систем. Всушност, колку што е познато досега,таквите прстени не постојат повеќе никаде во вселената! Секако, освен прстенот, ние знаеме некои други форми на планетата Сатурн. Опкружен е со атмосфера низ која не можеме да продреме, но знаеме дка таа не преставува цврста материја. Можно е во јадрото на планетата да постои цврста метална маса. Секако покрај сите работи што ги поседува Сатурн највпечатливи се прстените.

Но како настанале прстените и понатаму останува тајна!