Задникот воопшто не мора да биде најпроблематичниот дел од женското тело, или барем така мисли бразилскиот фитнес тренинг кој ги смислил овие вежби за затегнување на него.  Овие едноставни вежби можете да ги правите и дома, а ги прават и најврвните Викторија Сикрет модели. Потребно е само да ги следите точните инструкции:

Прва вежба

Исправете се, а нозете раздвојте ги во ширина на колковите. Свиткајте се до положба кога колениците ќе ви бидат под 90 степени. Од таа положба истапете со левата нога на страна, вратете се, па истапете со десната. Повторете ја вежбата 30 пати.

Втора вежба

Од полусвитканата состојба истапете со левата нога наназад, а рацете исфрлете ги нанапред. Вратете се во првобитната положба и истото повторете го со другата нога. Со секоја нога поединечно направете серија од 30 повторувања.

Трета вежба

Легнете на стомак, а потоа подигнете се на рамениците и на колената. Едната нога постојано држете ја во воздух така што ќе правите кружни движења кои ќе ги повторите 30 пати. Повторете ја постапката и со другата нога.

Откако ќе ги усовршите овие 3 вежби, преминете на последната. Таа се состои од странично легнување и подигнување на нозете за кое ви треба добра сила и кондиција.