вид на заби кај човек   Забите кај човекот растат двапати во текот на животот. Првите заби се викаат млечници, а другите трајни или постојани заби.
Првите заби ги има 20 на број, по 10 во секоја вилица. Почнуваат да се создаваат околу триесеттата недела пред раѓањето. Кај повеќето деца прво израснуваат долните резачи. Тие обично никнуваат кога бебето има 6 месеци. Помеѓу 6тиот и 13тиот месец се појавуваат и останатите млечни заби. Во секоја вилица има до 10 млечни заби: 4 резачи, 2 песјака, и 4 катници. После шестата година млечните заби испаѓаат и се заменуваат со постојани или трајни заби.
Од 32 постојани заба, 28 обично избиваат помеѓу шестата и четиринаесеттата година. Другите 4 заби, третите катници и умници, избиваат помеѓе седумнаесеттата и дваесет и првата година од животот. Постојани заби во секоја вилица има вкупно 16 и тоа: 4 резачи, 2 песјака, 4 преткатници и 6 катници. Постојаните катници не заменуваат ниеден од млечните заби.
Прво избиваат постојаните катници. Тоа се најголеми и најважни заби. Нивната положба во вилицата влијае на формата на долниот дел од лицето и на положбата на другите заби. Тие никнуваат веднаш по млечните катници и често погрешно се смета дека се млечници.