Раседот Сан Андреас е меѓу најпрочуените раседи во светот, а тоа секако е поради тоа што тој е меѓу најголемите и најактивните раседни линии на Земјата. Со неговата огромна должина од 1300 километри тој е дури јасно видлив како „лузна“ над Земјината површина. Со својата геолошка структура исто така и неговата активност тој преставува едно од најопасните места за живеење, Раседот Сан Андреас ја разделува  Пацифичката плоча и Северно Американската плоча. Овој расед ја дели Калифорнија на два дела, почнувајќи од Кејп Мендокино до Мексиканската граница. Лос Анџелес  и  Голем Сур се наоѓаат на Пацифичката плоча, а Сан Франциско, Сакраменто и Сиера Невада се наоѓаат на Северно-aмериканската плоча.

Формирање на самиот расед се објаснува со теоријата на тектоника на плочи, која вели дека земјината кора се состои од раздвоени плочи кои се движат, а врз нив лежат океаните и континентите. Пред околу 200 милиони години, тешката Пацифичка плоча се судира со Северно-американската плоча при што почнува да тоне под полесниот континент. Овој процес на субдукција односно подвлекување на една плоча под другата, траел нешто над  100 милиони години. Со судирање на незапирливата пацифичка плоча и „статичната“ континенталан плоча на Северна Америка, дошло до присилено лизгање на пацифичката плоча кон север и напикнување на западниот дел од американскиот континент. Тоа довело до формирање на голем расед пред околу 20-30 милиони години, кој денес е познат како Сан Андреас.

Колку брзо се движат плочите?

Движењето на тектонските плочи не е постојано исто, нивната брзина се променува, но сеизмолозите имаат пресметано дека годишно се приближуваат по неколку сантиметри па се до околу 7 метри. Главно земјотресите настануваат кога има нагло брзо движење на плочите, тогаш кога во длабочината на Земјата има отцепување при судир настануваат силни земјотреси. До  сега, Сан Андреас предизвикал повеќе земјотреси, од кои најкатастрофален бил оној во 1906 година кој го разурнал Сан Франциско. При тоа, земјотресот со магнитуда од 7,8 степени по Рихтер, предизвикал 3000 жртви и огромни материјални штети.

Раседот за прв пат бил идентификуван во 1895 година од професорот по геологија Абдру Лоусон кој го пронаоѓа северниот сегмент, а по земјотресот во Сан Франциско од 1906 година, констатирал дека се простира се до јужна Калифорнија. Сеизмолозите со испитувања докажале дека овој расед активира земјотрес приближно во период од секои 22 години.

Затоа во 2004 година со работа започнала првата длабинска опсерваторија San Andreas fault Observaroty at Depth (SAFOD), чија цел е дупчење во земјината кора до длабочина од околу 3.2 километри во внарешноста на раседот, како цел да се регистрираат земјотресите и да се намали штетата што ја предизвикуваат