Пустините се региони каде што условите за живот се многу мали. Може да се каже дека воопшто ги нема. Тие се сушни, копнени предели и таму постојат многу кратки дождовни периоди. Но, сепак, иако путините се сметаат за места каде има малку услови за живот, таму има и растителен и животински свет:

КАМИЛИ

Камилите има20130619_0064ат многу можности за преживување во пустина. Тие може да преживеат неколку дена без храна и без вода.Немаат копита, туку по два прста на секоја нога со мека обвивка како перниче за да ја ублажи тежината на животното. И тоа овозможува камилата да не пропадне во песокот. Во нивниот нос имаат развиено мускули со кои можат да ги затвораат ноздрите за да не навлезе песок за време на песочните бури.На лицето имаат густи веѓи, а на очните капаци имаат два реда долги трепки. Со тоа ги заштитуваат очите за време на песочните бури. Но, ако случајно навлезе песок во очите тие имаат и трет очен капак со кој лесно можат да ги тргнат зрнцата песок.Камилите се хранат со лисје и со пустински трнливи растенија на кои имаат голема отпорност. Кога неможат да најдат доволно храна ги користат резервите маст што се наоѓаат во нивните грпки.

КАКТУСИ

Исто така, и как53fac62ac0defc623362b8125669b2b5тусите можат да преживеат во пустина. Преживуваат со впивање вода.Имаат дебела, зелена површина и таа не дозволува водата да испари од растението. Игличките што се наоѓаат на нивните тела ги спречуваат животните да ги земаат како храна. Нивните корења се долги и се широко распространети во длабочината на почвата каде што растат, за да можат да да впиат повеќе вода кога врне дожд.

ПУСТИНСКИ ЛИСИЦИ

pustinjska-lisicaИ пустинските лисици имаат причини за преживување во пустина. Имаат дебело крзно што им помага да се стоплат во текот на студените ноќи. Бојата на крзното е како песокот за да може да се камуфлира.Има силни нозе што помагаат да копа во песокот за да се одмара преку денот или кога спие. Нејзините големи уши овозможуваат да ги слуша дури и најтивките звуци за да може полесно да го најде пленот. Исто така, таа со нејзините очи може да гледа и при многу мала светлина.