dve-godini-uslovno-za-trafik-na-afrikanski-papagali-368404Сигурно до сега многу пати сте се запрашале дали има некои други суштества на оваа планета земја кои можат да зборуваат освен човекот?
Одговорот е ДА! Има голем број на птици што можат да изговараат некои зборови, а некои дури и цели реченици!
Кои птици можат најубаво да зборуваат ?
Има голем број птици што можат да научат да изговорат по некој збор. Меѓутоа, вистинската птица што “зборува” може да се научи да изговори подолга реченица. Меѓу таквите птици спаѓаат: папагалите, мина (индиски скорец), враната, гарванот и некои други подвидови сојки.
Научниците тврдат дека африканскиот сив папагал и мината можат најубаво да “зборуваат”.
Многумина веруват дека способноста на птиците да “зборуваат” непосредно зависи од градбата на нивниот јазик. Папагалот, на пример, има голем дебел јазик; но многу други птици кои зборуваат имаат мали јазици! Засечувањето на јазиците на тие птици, што го прават многумина, мислејќи дека на тој начин птиците ќе зборуваат подобро, доведуваат до сосема спротивно дејство.
Дали птиците го сфаќаат она што го зборуваат? Многу биолози сметаат дека птиците воопшто не го разбираат она што го изговараат, но понекогаш поврзуваат извесни изрази со некоја акција што е примена како дополнение на условните рефлекси.