ПРОТЕИНИ И МРСНА ХРАНА ПРОТИВ МАМУРЛАК

Новогодишните и божиќните празници го полнат нашето срце со многу радости, но исто така се период во кој се конзумира чашка повеќе, како и многу мрсна храна. Затоа многу е важно каква храна ќе јадете во комбинација со алкохолот, за да не го почуствувате мамурлакот следното утро.

-РУСКА САЛАТА И ПИЛЕШКО

Јадете руска салата бидејќи има јајца и кисели краставички, кои на телото му даваат електролити. И печеното пилешко месо е одлична храна против мамурлак, а во комбинација со интегрален ориз во кој има изобилство на влакна, ќе ви даде многу енергија и сила. Исто така и шпагети со болоњезе сос се добра храна пред забава, бидејќи тестенините имаат многу јаглехидрати, а месото овозможува ситост, па помалку ќе бидете под влијание на алкохолот. Со лук и кајгана исто така лесно може да се изборите со мамурлакот, бидејчќи јајцата содржат електролити, кои ќе ви помогнат да останете стабилни.

-НАПИЈТЕ СЕ ЈОГУРТ

Откако ќе се најадете свинско месо, исто така не треба да се плашите од нуспојавите на алкохолот. Пред забавата изедете голем сендвич со шунка, сирење, мајонез, краставички, јајца бидејќи тоа ќе ве наполни со јаглехидрати и ќе ни даде енергија.
Лососот содржи големи количества на витамин Б, кој одличен во борбата со мамурлакот, но и масти, а тоа помага во ублажување на влијанието на алкохлот. Јогуртот е многу добар навечер пред пиењето алкохол, затоа што е богат со протеини а со него послужена и палента.