Повеќето луѓе мислат дека вакуумот е место во кое нема материи, место кое апсолутно ништо не се наоѓа. Според мислењето на научниците, тоа не е можно. Тие сметаат дека не постои простор во кој не се наоѓа некоја супстанца, некоја молекула од гас или некоја најмала честичка од прашина. Така вакуумот, всушност, претставува простој во кој има многу мало количество на материи. Во добар вакуум скоро нема воздух, прашина и други честички на материја. Но ове е нагласен зборот „скоро“.

Еден од најлесните начини да се добие вакуум е да се испумпа воздухот од садот во кој треба да се создаде вакуум. Мошне ефикасни вакуум пумпи, кои што можат да создаваат добар безвоздушен простор, се користат во индустријата. На пример, вакуум пумпа се употребува за производство на електрични сијалици. Ако воздухот остане во сијалицата, кислородот во еден дел од секунадата ќе предизвика согорување на сијаличното влакно.

Во сијалиците од најмодерно производство речиси целиот воздух се отстранува со пумпа. Истото ова се прави и во производството на вакуумски цевки за радио и телевизиски уреди. Пред  нивното затворање, воздухот се отстранува од нив во најголемата можна мерка.

Веројатно најпознатата употреба на вакуум е во термос-шишињата. Тие имаат двојни ѕидови.