Миокардитисот може да се дефинира на повеќе начини. Неговата главна карактеристика е тоа што претставува инфекција на срцето проследена со воспаление и оштетување на срцевиот мускул без блокирање на коронарните артерии, кои инаку би предизвикале срцев удар (миокарден инфаркт) или други чести неинфективни причини.

Постојат голем број причини за настанување на миокардитисот. Во продолжение ги наведуваме следните:

Инфекции
  • Вирусни, меѓу кои – Коксаки вирус, морбили, адено вирус, ехо вирус, инфлуенца, заушки, парво вирус, полиовирус, рубела, варичела – зостер вирус).
  • Бактериски – Бруцела, салмонела, хемофилус инфлуенца, менингитис, стрептококус пневмонија, гонореја.
  • Паразитски – Свинска тенија, Echinococcus granulosus, Trihinela spiralis.
Токсични причини
  • лекови и дроги – Антрациклини, катехоламини, амфетамини, кокаин, циклофосфамид, херцептин.
  • физички причинители – електричен шок, радијација, хиперпирексија.
  • тешки метали – бакар, железо, олово.
  • други – арсен (отров), каснување од змија или скорпија, убоди од оса и пајак, фосфор и јаглероден моноксид (СО).
       Генетски нарушувања
  • наследени кардиомиопатии (срцеви маани) со патогенеза (развој на болест)  која е имунолошки регулирана.