Суво око или поточно кажано синдром на суво око е состојба, при која доаѓа до намалување на лачењето на солзи или до намалување на нивниот квалитет. Солзите создаваат слатка површина на окото која има голем удел во острината на видот. Солзите создаваат на површината на окото таканаречен “солзен филм”, кој се состои од три слоја. Непосредно на површината на рожницата се наоѓа мукозен слој. Вториот слој е воденаст слој кој го произведуваат солзните жлезди, а двата слоја се покриени со липиден слој кој е продукт на Меибомовите жлезди на работ на очните капаци.

Причини за суво око

Можни се многу причинители на синдромот на суво око. Например намалената ефикасност на жлездите или нивно изумирање поради одредени болести (пр. Автоимуни болести). На квалитетот на солзниот филм исто така влијаат одредени лекови ( на пример некои аналгетици). Оваа болест често се појавува и кај жени после менопаузата. Проблемите со суво око започнуваат без некои поголеми симптоми, но постепено се влошуваат.
Пациентите најчесто се жалат на иритација на очите, чувство на туѓо тело во окото, а при напреднат стадиум на болеста и силна фотофобија. Кога е оштетен само еден слој на солзниот филм, пациентите понекогаш се жалат на зголемен интензитет на солзење, што е парадокс. Тоа може да се објасни со фактот дека доаѓа до зголемено лачење на солзен слој поради недоволно произведување на останатите два слоја солзен филм.

Лечење на суво око

Многу малку причини за суво око можат да се остранат. Поради тоа, основата на лечењето е да се заменат природните солзи. Во полесните случаи на болеста, се применуваат капки од 4 до 5 пати дневно кои се достапни во аптеките и оптиките. Се нарекуваат лубрикантни капки, кои ги има и во облик на гел или маст. Во потешки случаи на болеста постојат можности за хируршко лечење со локална примена на циклоспорински или антибиотички капки. Прикладни се исто така и масажа на очните капки.
Важна улога во намалување на симптомите исто така има и прилагодување на работниот и домашниот округ. Добро е да се ограничи престојот во климатизирани, зачадени и прашливи простории, како и намалување на интензитетот на носење на контактни леќи.