Препораката е име на потенцијален купувач, кое ви е дадено од страна на пријател, постоечки корисник или други  и од потенцијален купувач кој не го купил вашиот производ, но го дожиевел како добар. Луѓето кој ви ја дале препораката треба да дозволат да го употребите нивното име или тие да го направат иницијалниот контакт.

Препораките може да се разграничат како: препораки поттикнати од задоволни потрошувачи кој го користеле вашиот производ или услуга, препораки поттикнати од самата компанија со цел да го поттикне нивното ширење и препораки поттикнати од потенцијалните купувачи кои на некој начин дошле до определена информација за вашиот производ или услуга но сеуште не го купиле.

Препораките независно дали се онлајн или офлајн може да бидат спонтани (препораки кои спонтано се случуваат и врз кои не може целосно да се влијае а со тоа делумно или целосно да се контролираат) или планирани (планирани или поттикнати од страна на компанијата).

Пример за успешно користење на овој метод е компанијата “Buy Country Painters”, компанија од областа на услугите, која напорно се труди да генерира препораки. Кога некој од нивните потрошувачи ќе ја препорача нивната услуга, тие им испраќаат рачно напишана картичка за благодарност со билет за лотарија. Со овој начин драстично се зголемил број на заинтересирани лиза за нивите услуги.