Kога   луѓето прв  пат почнале да  сеат  жито  и да  ја собираaт  летината , забележале дека сеидбата паѓа  секоја  година во исто време. Потоа се обиделе   да пресметаат колку дена изминуваат  помеѓу две сеидби. Тоа бил првиот  човеков обид  да утврди колу  долга е годината.

Старите  Египќани  први точно го измериле  траењето  на годината. Знаеле  дека  најдобро  време   за  сеидба  е откако реката Нил ќе излее  од  своето  корито, што се случувало  секоја  година. Нивните  свештеници забележале  дека помеѓу две такви  поплави новината се  јавила  дванаесет  пати, затоа  броеле дванаесет  “ месечини” и  пресметувале  кога Нил  повторно  ќе надојде.

Меѓутоа , ова  сѐ уште не било  доволно  точно. Тогаш египетските свештеници забележале  дека секоја година  во време на поплавата, една светла  ѕвезда се појавува на небото  пред самиот  Сончев  изгрев. Ги броеле деновите  додека пак  не  се случило  тоа  и  утврдиле  дека изминале  365 дена. Тоа било пред  6000 години пред тоа  никој не знаел дека  годината има 365 дена! Египќаните  таа година  ја  поделиле  на  12 месеци, секој  по 30 дена, а 5 дена  преостанувале  на крајот од годината. Така  го измислиле  првиот календар.

Подоцна  календарот  не се засновувал  на месечината (месечински  календар), туку  на  бројот  на  деновите  (365  1/4) што  и  се потребни  на  Земјата за еднаш  да го обиколи Сонцето (Сончев  календар). Онаа преостаната  четвртина  од  денот  создавала  се  повеќе збрки.  Најпосле   Јулие  Цезар  решил   тоа   да го доведе во ред.  одредил  46 години  пред  новата ера  да трае  445  дена за  да “фати  чекор “ ,оттoгаш секоја   година  ќе има 365 дена,  па така ќе се искористат деловите  од  денот  преостанати  од  трите прости  години. Меѓутоа, со време  се покажало  дека  Велигден и другите  празници  не паѓаат  во  она  годишно време, на кое му припаѓаат. Имало  натрупано  премногу  “прекубројни “  денови. Затоа во 1582 година папата  Гргур  XIII донел одлука од таа, 1582 година да се одземат десет  дена. A  да би бил во иднина  календарот  точен, папата  решил  високочната  година  да се   прескокнува  секоја  последна  година  во векот, освен ако таа година не е делива со 400.

Затоа  1700,1800 и 1900 не биле  високочни, но 2000 ќе биде. Овој  систем  се вика грегоријански (нов) календар   и денес   се употребува  во  целиот  свет, иако  некои  вероисповеди  се служат  со свои  календари  во верски  намени.