• Современата контрола на бременоста не може да се замисли без ултразвучен преглед. Ултразвукот е неинвазивно дијагностичко средство кое на гинекологот му овозможува директно и непосредно набљудување на плодот во утробата на мајката. Користите од овој начин на преглед се непроценливи – утврдување на бременоста, анализа на градбата и откривање на евентуални аномалии на плодот. 
  • За разлика од дводимензионалните ултразвучни апарати, со напредок на технологијата постигнато е употреба на апарати кои создаваат тродимензионална слика (3D) и тродимензионален филм (4D) на анализираниот објект. За разлика од стандардниот ултразвучен приказ со приказ во вид на силуети (сенки), 3D/4D прегледот, буквално ѝ дава на сликата длабочина и просторна ориентација.
    Во продолжение погледнете ја видео анимацијата со 4D ултразвук на бебе во утробата на мајката.