Една од најзначајните појави на 9 век е филозофскиот систем на Јован Скот Ериугена. Негово најпознато дело е De Divisione Nature. Во тоа дело тој уште на самиот почеток ни укажува што подразбира под природа.

Терминот природа за Јован не значи само природен свет туку и бога и надприродните сфери, тој тврди дека природата се дели на 4 видови:

  1. Природа која создава, а не е создадена
  2. Природа која е создадена и создава
  3. Природа која е создадена, а не создава
  4. Природа која не е создадена и која не создава
  5. Природата која создава, а не е создадена односно Бог кој е причина за сите работи и нема свој причинител, тој е почеток и сите создадени суштества произлегуваат од него.

Ериугена ја превзема идејата на Псевдо Дионисиј каде што вели дека Бог не треба да се вика како вистина или мудрост или суштина туку како надвистина, надмудрост или надсуштина, додека имиња на веќе создадени суштества не може да му се оддадат на Бог. Тој исто така ни укажува дека за Бог не можеме да кажеме дека е мудар поради тоа што ако ние го наречеме него мудар, ние му даваме човечка карактеристика, а Бог е над човештвото, следствено ние треба да го наречеме Бог не мудар бидејќи е над човекоовите мудрости. По тоа не може да му се припише ниедна од Аристотеловите категори на Бог. Пример квантитет, не може да му се припише на Бог бидејќи тоа означува димензија, а Бог е без димензија и не завзема простор. Бог ги создал сите работи, и тој е во сите работи.

  1. Втората природа се првобитните причини или идеите за создадените суштества. Тие се Божји идеи или прототипови на создадената суштина.
  2. Во третата природа спаѓаат создадените суштества од надворешноста на Бог. Јован Скот тврди дека Бог е се што постои и поради тоа што тој ги создал сите работи е присутен во сите тие работи и тврди дека Бог создал се од ништо.
  3. Последната природа пртставува враќање кон Бог или Бог претставен како крајна причина на сите космички процеси