Развојот на помошните средства при навигација на море траело многу долго време и сеуште трае, со равојот на новите технологии, како што е  Global Positioning System (GPS) – „Глобален систем за позиционирање“, патувањето се олеснува. До околу 1300-та година и почетокот на ренесансата, капетаните на бродовите на големо се потпирале на сеќавање или на евентуални лични забелешки, тренирале разни вештини како да стигнат до некое одредиште. Но почнувајќи од тоа време, знаењата кои се акумулирале собирани се во „портолана“. Портоланите представувале  основни упаства како да се помине од едно до другп пристаниште. Со тек на време картите станувале се подетални и попрецизни, картите доста се унапредиле за време на равојот на печатарството, па поправките биле полесно усвојувани, изоставајќи ги предходните грешки.

Истражувајќи во архивата на Отоманската империја во Топкапи-палатата во Турција група историчари во 1929 година пронаоѓаат географски мапа, нацртана на кожа од газела. Испитувањето покажало дека мапата е оригинален документ, направен во 1513 година од турскиот адмирал Пири Реис. Пири Реис всушност станал славен по своите две карти на светот и по неговиот портолан – „Kitab-i-Bahriye“. Се покажало дека двете карти биле составен дел од т.н, „Kitab-i-Bahriye“, стар атлас на географски поморски карти. Изненадувачко е што на нив се прставени делови од морските брегови на Јужна Америка, Западна Африка, Шпанија, Франција, дел од Северна Америка, Гренланд, Нова Земја и дел од Канада. На картата од 1513 година фигурираат Мексико и Перу, кои биле (официјално) пронајдени подоцна од спомнатиот датум. На втората карта од  1528 година е детално оцртан Антартикот, кој бил проучуван од експедиции околу триста години подоцна!

Пири Реис е карактеристичен и така се издвојува за разлика од другите картографи со тоа што на картите со голем размер ставил и објаснување со текст,  ниеден картограф пред Пири до таа мера не ги развил и представил овие два елементи така поврзано- текст и пратечките неоходни карти.  Во текот на предходните две столетија, картите и портолан мапите се правени со цел да ја олеснаат навигацијата на отворено море. Повеќето морнари како и Пири Реис со својата работа сакал да помогне во комерцијални и воени потреби. Тој најмногу напор вложил во иновација, во помош на морнарите со директно поврзување на текстот  и картите кој се однесува на некој дел, многу им олеснува во читање на картите.

Важно е да се напомене како успеал Пири Реис да направи така прецизни и точни карти!?

Многу научници сметаат дека тој користел многу податоци и постари карти од предходни научници, мапата на Пири е неверојатно точна! Единствен начин да се направи таква мапа е со помош на снимки од воздух. Кој имал таква технологија пред многу години? Но, секако научниците претпоставуваат дека Пири имал многу помошници кои му давале информации, и така собирал многу мапи со своите бројни патувања. Некои карти што ги користел потекнуваат дури од времето на Александар III Македонски.

Дури сега во 21 век, речиси пет стотини години по Пири Рејсовите ремек дела, можеме да го констатираме неговиот величенствен новитет, неговите мапи можат да се споредуваат со денешните мапи кои се направени со денешната технологија. Пири Реис навистина ја испишал величенствената историја на Османлиската империја историја каде може да кажеме дека ја започнал Османлиската картографска школа.