Низ историјата на човештвото се случувале многу промени, разни битки произлегувале за различни интереси, секако имало многу штети, луѓе погинувале, се уништувале многу историски споменици, но освен тоа имало многу измени на населението, се донесувале многу различни култури на местото кое е освоено, пример е (Македонија земја која е освојувана и завладејувана од различни освјувачи, па така има многу примеси од разни култути), така низ долгата историја забележано е дека меѓу најзначајните империи кои постоеле се подолу наведените, освен големината на нивната површина тие исто така биле силни импери, со што успеале да наметнат дури свој јазик (Британската империја), некоии своја религија итн.

Британска империја  (1497/1583 – 1997)

Британската империја опфаќала доминиони, колони, управи и други колонии кои биле под власт на Обединетото Кралство. Настанало од прекуморските колонии и трговските места кои ги развила Англија во доцните години од 16-тиот и 17-тиот век.

Во своите најдбри времиња Британската Империја била најголемата империја во историјата и била најголема светска сила повеќе од еден век. До 1922 година во Британската Империја живееле 458 милиони жители, една четвртина од светското население во тоа време, и зафаќала повеќе од 33, 700,000 километри квадратни, скоро една четвртина од целосната копнена површина на Земјата. Како резултат од ова се јавува широката распространетост на нејзиниот јазик и политичкото и културно наследство. Во времето кога Британската Империја била најмоќна, често се велело дека “Сонцето никогаш не заоѓа над Британската Империја”(The sun never sets on the British Empire), бидејќи имало толку многу територии кој биле под нејзино владеење, па така секогаш имало некоја територија која е осветлена од Сонцето.

Монголско царство (1206 – 1368)

Монголското царство било едно од најголемите досегашни империи на светот и втора најголема веднаш по Британската. Царството се протегала од Виена до Манџурија и од Новогород до Камбоџа и се до 1279, Монголското царство покривала околу 33.000.000 километри квадратни. За почеток на царството се смета обединувањето на монголските племиња, кои прераснале во голема сила која вршела инвазии и подоцна Џингис Хан станал цар во 1206 година.

Руско царство (1721 – 1917)

Руската империја  била држава која постоела од 1721, па сѐ додека не била прогласена за република во август 1917. Руската империја произлегла од моќната средновековна држава Московија (Московска Русија), владеена од наследниците на Иван IV како цареви. Иако империјата била официјално прогласена во 1721 год. од страна на цар Петар I. До крајот на XIX век империјата зафаќала површина од 22,400,000 километри квадратни (речиси 1/6 од копнената површина на светот); во тоа време нејзиниот единствен соперник била Британска империја. Меѓутоа во тоа време, најголемиот дел од населението живеело во европска Русија. Во Руската империја живееле повеќе од 100 различниетнички групи, со тоа што русите биле мнозинство, со околу 45% од населението.

Шпанско царство (1469 – 1975)

Шпанското Царство или Шпанска Империја — едно од најголемите царства во светската историја како и едно од првите светски колонијални царства. Површина на империјата била 19.94 милиони километри квадратни, а нејзиното влијание главно се одвивално преку ширење на влијанието на римокатоличката црква во Америка и Источна Азија.  .

Тоа во 15 век вклучувало територии и колони во Европа, Америка, Африка, Азија и Океанија. Шпанија во 1492 година се појавила како единствена монархија во Европа по завршувањето на „реконквиста“ на Пиринејскиот Полуостров. Кристофер Колумбо бил командант на првите исражувања на Атлантскиот Океан, коишто довеле придонесено за откривање на новиот свет и колонизација на Америка.

Омејадски халифат  (661 – 750)

Омејадска династија позната и како Умајадска династија — втора од четирите исламски калифати кои биле основани по смртта на пророкот Мухаммед. Нејзиното име потекнува од  Умајад ибн Абд Шамс, кој бил прадедо на првиот Умајадски калиф. Иако првично семејството живеело односно потекнувало од градот Мека, сепак градот Дамаск бил главен град на нивниот калифат. Површина на империјата била 15 милиони квадратни километри, а нејзиното  влијание главно е преку значајна исламска експанзија во Мала и Северна Азија

 

Горе споменатите податоци ни даваат до знаење дека со тек на времето има и промени, а секако не се исклучува можноста и понатака во иднина повторно да има промени како територијални така и социо-културни. Едно од најважните прашања кое секој треба да си го постави е дали ние во понатамошна иднина ќе се „бориме“ тие промени да не се случат преку пат на конфлик како што се случувало во минатото.