Leopard Човекот може да се движи по Земјината површина побрзо од било кој цицач… но не на своите две нозе! Дури и најбрзиот тркач на сите времиња изгледа сосема бавен во споредба со некои животни.
На мошне кратки патеки човекот постигнува брзина помеѓу 35 и 40 километри на час. Дури и слонот и носорогот можат да претрчаат пократко растојание со брзина од 40 километри на час. Тркачкиот коњ трча 60 до 80 километри на час. Најбрзата ‘ртка може да трча околу 50 километри на час.
За да ја измериме вистинската брзина на движењето на цицачите, треба да ги набљудуваме антилопите и газелите. Овие две животни на растојание од 1500 метри можат да достигнат од 95 до 105 километри на час. Но вистинскиот шампион на севкупното животинско царство е “чита” или леопардот ловец. Тоа животно, како што е забележано со штоперица, трчало 120 километри на час. Секако, таа брзина не може да ја одржи на повеќе од 1.5километри. Потоа, поради замор, животното знатно го успорува трчањето.