Неплодноста  се дефинира како неуспех да се забремени од околу 6 до 12 месеци со редовни сексуални односи и без употреба на контрацепции. Во светски рамки, оваа појава се јавува кај 20% од брачните двојки, а 1/3 од овие случаи се резултат на женска и исто толку на машка неплодност.

Во продолжените, погледнете ги најчестите причини кои доведуваат до неплодност на мажите.

  1. Неплодност поради нарушување на функцијата на тестисите
  • Инфекции, трауми, лекови, токсини како и хромозомски абнормалности 47, XXY кариотипот ( Клинефелтеров синдром) се едни од главните причини кои се одговорни за неплодноста на мажот. Исто така и атрофијата на тестисите може да резултира со инсуфициенција на органот и неплодност.

Причините кои може да доведат до атрофија на тестисите се,  инфекции (гонококен епидидимис), радијација, алкохолизам и цироза, опструкција на каналите, лекови ( на пример естрогенска терапија за рак на простата), Клинфелтеров синдром (47, XXY).

  1. Опструкција на текот на сперматозоидите
  • Најчеста причина тука е опструкцијата (пречка) во текот на сперматозоидите, која резултира со отсуство на сперматозоиди во спермата (азоспермија). Опструкцијата е хируршки неизлечлива и е одговорна за околу 50% од случаите на машка неплодност.
  1. Хормонални нарушувања
  • Тука влегуваат  ендокрините заболувања како што се нарушување на хипофизата или хипоталамусот, каде доаѓа до недостиг на секреција на гонадотропен хормон кој води до инсуфициенција на тестисите.