Пред се зависи од тоа што подразбираме под изразот најопасна. Дали со тоа се мисли на змија, која до денес има усмртено најмногу луѓе или на онаа змија, чијшто отров е најсилен?
Некои научници сметаат дека кралската кобра е најсмртоносната змија на светот. Пред се, таа е најдолгата змија отровница. Нејзиниот отров е многу силен. Потоа, тоа е змија што напаѓа во секое време. Забележани се случаи кога луѓето умирале само еден час по каснувањето од оваа змија.

кралска кобра
кралска кобра

 

Втор кандидат за најсмртоносна змија е тигрестата змија, која живее исклучиво во Австралија. Се смета дека нејзиниот отров е најсилен од сите. Меѓутоа, бидејќи количеството на тој отров е мошне ограничен, многу помалку жртви има од оваа змија отровница.

тигреста змија
тигреста змија

 

Постои еден вид на змија отровница во Индија што се вика “крајт” (лат. Bungarus fasciatus) и која и припаѓа на посебна група. Според податоците, 77% од луѓето што ги каснала оваа змија умреле. Познатата кобра од Индија всушност убива повеќе од било која друга змија отровница, но едвај 10% би умреле од нејзиното каснување, ако навреме примиле серум.

Индиска змија - Bungarus fasciatus
Индиска змија – Bungarus fasciatus

Треба да го кажеме и ова дека најголема змија на светот не и припаѓа на групата отровници. Тоа е змијата анаконда, која живее во јужна америка. Нејзината должина понекогаш достигнува од 10 до 12 метри. Меѓутоа, овој вид змија живее во мошне непристапни предели, па оправдано се верува дека постојат примероци што се подолги од оние, кои до денес се пронајдени.

Анаконда
Анаконда

Во разни земји секогаш постојат многу поголем број видови на змии кои се неотровни, од оние кои се отровни. Од отровници најчесто можат да се пронајдат само по неколку видови.